Марков Стап — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Претставува рудник за мермер од римско и доцноантичко време.

На 2 км северно од селото, на еден висок рид, на повеќе места има траги од експлоатација и обработка на мермер. Најдени се повеќе фрагменти од мермерни столбови, делумно обработени. Се смета дека оттука се вадени и подготвувани архитектонски елементи кои биле носени и дообработувани во Стоби.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко

Наводи