мини|Дејан Лекиќ во Спортинг Дејан Лекиќ (роден на 7 јуни 1985 година) е српски фудбалер кој моментално игра за шпанскиот клуб Лас Росас ЦФ на позицијата напаѓач.
Кариера Откако на почетокот на својата кариера настапувал за екипите на Металац од Краљево и Земун, Лекиќ летото 2009 година се приклучил на екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Пред да се префрли во новиот клуб, тој за составот на Земун во сезоната 2008-09 постигнал вкупно 26 голови. Својот прв натпревар за клубот го имал на 16 јули 2009 година, кога започнал како стартер, во победата со 1:0 на гостински терен против составот на НК Рудар од Велење. Тоа бил натпревар од новата сезона во УЕФА Европа Лигата.
На 6 август 2009 година, во натпреварот од третото квалификациско коло против составот на Динамо од Тбилиси, Лекиќ постигнал автогол со кој составот на Динамо имал два гола предност. Тој подоцна постигнал хет-трик за екипата на Црвена ѕвезда со што клубот обезбедил место во плеј-офот од тоа натпреварување.
На 25 јуни 2010 година Дејан Лекиќ потпишал петгодишен договор со тимот од Ла Лига, CA Осасуна, за сума од 2,6 милиони евра. Својот прв натпревар го имал на 29 август, влегувајќи како замена во второто полувреме на нерешениот натпревар од 0:0 на домашен терен против екипата на УД Алмерија. Лекиќ својот прв гол го постигнал на 23 јануари наредната година, во поразот со 2:3 на гостински терен против истиот противник.
На 13 јануари 2012 година, Дејан Лекиќ постигнал гол во првото полувреме во поразот на домашен терен со резултат од 1:2 против екипата на ФК Барселона. Тој натпревар бил за натпреварувањето за Купот на кралот. Некаде еден месец подоцна, исто така против Каталонците, постигнал гол за изненадувачкиот домашен успех од 3:2. лево|мини|150x150пкс| Лекиќ во акција за екипата на Спортинг од Хихон. Во месец јули 2012 година, по две години играње во Шпанија, Лекиќ ја променил средината и од тимот од стадионот Навареза, заминал и потпишал за турскиот прволигаш Генчлербирлиги. Во месец август 2013 година, тој се согласил за период од една година да биде со статус на позајмен играч во екипата на Спортинг од Хихон, тим од шпанската Сегунда дивизион. Тој на крајот се вратил во неговиот матичен клуб, згаснувајќи го договорот во месец август 2014 година.
На 1 септември 2014 година, Лекиќ потпишал едногодишен договор со екипата на СД Еибар, ново промовиран тим на највисоко ниво во Сегунда Дивизион. Откако одиграл само еден натпревар како стартер во текот на целата сезона и по испаѓањето на тимот од првата лига, тој го напуштил клубот.
На 11 ноември 2015 година, Дејан Лекиќ потпишал договор со индискиот клуб Атлетико де Калкута за период од почетокот на втората полусезона на ИСЛ (индиска супер лига).
На 30 декември 2015 година, тој се вратил во Шпанија, потпишувајќи за екипата на фК Жирона која се натпреварувала во втората шпанска лига. На 11 август наредната година, тој бил префрлен во екипата на РЦД Мајорка исто така член на втората лига - Сегунда дивизион.
На 1 септември 2017 година, слободниот агент Лекиќ потпишал договор за екипата на ЦФ Реус Депортиу. Приближно една година подоцна, тој се преселил во второлигашот ЦФ Кадис со потпишан едногодишен договор. На 31 август 2019 година, тој го напуштил клубот.
На 29 јануари 2020 година, Лекиќ се преселил во составот на ЦД Атлетико Балеарес.Lekic, un refuerzo de lujo para el ATB, ultimahora.es, 29 January 2020 По само два одиграни натпревари, тој го напуштил клубот на 1 август 2020 година.
Репрезентација Лекиќ бил дел од српската репрезентација од 2009 година.Career story at Reprezentacija.rs
Статистика во кариерата
Клупски перформансиЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноСезонаКлубЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСрбијаЛигаСрпски купЕвропски натпревариВкупно2009–10Црвена ѕвездаСуперлига271232633617ШпанијаЛигашки натпревариКуп на ШпанијаЕвропскиВкупно2010–11ОсасунаЛа Лига27221002932011–121844200226ТурцијаЛигашки натпревариТурски купЕвропскиВкупно2012–13ГенчлербирлигиСупер Лиг2132100234ШпанијаЛигашки натпревариКуп на ШпанијаЕвропскиВкупно2013–14Спортинг од ХихонСегунда дивизион3612110037132014–15ЕјбарЛа Лига1800000180ИндијаЛигашки натпревариКупКонтиненталниВкупно2015Атлетико од КалкутаИндиска Супер Лига62000062ШпанијаЛигашки натпревариКуп на ШпанијаЕвропскиВкупно2015–16ЖиронаСегунда дивизион1750000175Лигашки натпревариКупКонтиненталниВкупноВкупноИндија62000062Србија271232633617Шпанија9923740010827Турција2132100234Вкупно во кариерата153401276317150
Признанија
Црвена ѕвезда
Освоен е Купот на Србија: 2009–10
Наводи
Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Осасуна Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година