мини|Благоје Марјановиќ во репрезентацијата на Југославија во 1930 година Благоје Моша Марјановиќ (Белград, 9 септември 1907 - Белград, 1 октомври 1984) бил поранешен српски и југословенски фудбалер.
Биографија Благоје е роден во Белград од татко Димитрије, трговец, и мајка Софија.Мошу Марјановића су сви волели („Вечерње новости“, 3. март 2013) Како младинец започнал да игра фудбал во третата екипа на младинците на Југославија. Најголемиот пронаоѓач на таленти од тоа време, Раденко Митровиќ го забележал „Моша“ и го однел во екипата на БСК. Снимено било сведочењето на Моша за неговата прва средба со фудбалската топка: „Во време на моето детство кое го поминав во Белград во општината Палилула, каде што сум и роден, најпрво знаевме за џамлии и за клис. Тоа беа нашите игри. И во тие игри бев најдобар. Некој нѐ однесе кај портата на Светосавската црква (денешниот храм на Свети Сава) да видиме како некои деца бркаат некоја надувана кожа. Таа играчка се нарекувала топка. Возбудени и љубопитни, мојот брат Никола, неколку момчиња од нашиот крај и јас заедно со нив, отидовме да го видиме тоа чудо. Топката не запрепасти. Жива, нескротлива, чудно потскокнуваше, леташе низ воздухот...Тоа ни причинуваше задоволство. Веднаш одлучивме да собереме средства и да купиме топка. Шетавме низ градот и во Балканската улица најдовме продавница, која во тоа време продаваше кожни топки. Не се ни сомневав дека токму таа топка ќе ја одлучи мојата судбина. Поточно, фудбалот е мојот живот! Од тие детски денови па сѐ до денес, фудбалот за мене претствува центар на светот“. Благоје „Моша“ Марјановиќ
Тој играл на позицијата центарфор и десната полутка (десен играч за врска) и заедно со Александар Тирнаниќ ја формирал познатата десна страна на репрезентацијата на кралството Југославија и на екипата на БСК. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал на 28 јуни 1926 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Чехословачка (2:6), одигран во Загреб. За првпат се запишал во листата на стрелците на 15 мај 1927 година против репрезентацијата на Бугарија, во Софија кога ги постигнал единствените два гола во последните пет минути од натпреварот.
Благоје бил учесник на Светското првенство во Уругвај во 1930 година. Тој настапил на сите три натпревари што таму ги одиграла репрезентацијата. На вториот натпревар против селекцијата на Боливија (4:0) бил стрелец на вториот гол. Репрезентацијата на Југославија го завршила натпреварувањето на тоа првенство во полуфиналето со пораз од селекцијата на Уругвај со резултат од 6:1. Од тоа светско првенство бил донесен бронзениот медал.Сачувана медаља Моше Марјановића („Политика“, 16. јануар 2011) Последниот натпревар во дресот со националниот амблем го одиграл на 3 април 1938 година против репрезентацијата на Полска, во квалификациите за Светското првенство. Тогаш Марјановиќ го постигнал единствениот гол на натпреварот. Трипати бил најдобар стрелец на првенството на Југославија, во 1930, 1936 година и 1937 година. Сепак, херој на натпреварот бил Бранислав Секулиќ, кој постигнал три гола. Натпреварот Југославија - Полска 4:1 (2:0), одигран на 26 август 1934 година во Белград, пред 12 илјади гледачи. Три месеци претходно, на гостувањето во Белград, на 3 јуни 1934 година, бразилската репрезентација го претрпела најголемиот пораз во 20 век (8:4), а Моша тогаш постигнал три гола. По Светското првенство, екипата на БСК започнала да ги исплаќа своите играчи. Плата земале само Моша Марјановиќ и Александар Тирнаниќ, со што станале првите професионалци во југословенското првенство. Моша земал висока плата за тоа време, тогашни 1.800 динари (денешни 17 долари), што било за 300 динари повеќе од Тиркет (Александар Тирнариќ). За време на војната, Марјановиќ бил во заробеништво во Германија.Још две Мошине слике у колекцији („Политика“, 30. јануар 2011) лево|мини|200x200пкс| Спомен чешма на стадионот во Панчево Тренерската кариера ја започнал во екипата на БСК, која ја предводел три сезони од клупата. Првиот трофеј како тренер го освоил на во купот во 1953 година по победата од 2:0 над екипата на Хајдук од Слит. Во сезоната 1954/55 составот на БСК бил второпласиран, а истата година го освоил и купот, откако победил со истиот ривал и истиот резултат како и претходниот пат. Подоцна, тој заминал во Италија на две години, каде најпрво бил тренер на екипата на Торино, а потоа и на составот на Катанија. Од 1960 година бил тренер на ФК ПОБЕДА од Прилеп. Кога се подготвувал да ја продолжи тренерската кариера во Каиро, во 1961 година доживеал мозочен удар, со чии последици се борел цели 20 години, до крајот на животот.
Благоје се оженил во 1938 година со Планинка Ќулиќ и ги добил синот Зоран и ќерката Вишња. Прекарот Моша го добил поради неговата брановидна коса.
Голови за репрезентацијата +#ДатаМестоПротивникГоловиРезултатТип на натпревар1.15 мај 1927Стадион на Славија, Софија, Бугарија1–02–0пријателски2.2–03.25 март 1928Стадион Илеи ут, Будимпешта, Унгарија0–12–1пријателски4.6 мај 1928Стадион Рајко Митиќ, Белград, Југославија2–03–1пријателски5.19 мај 1929Олимписки стадион, Коломбес, Франција2–03–1пријателски6.28 јуни 1929Стадион Конкордија, во Загреб, Југославија2–23–3пријателски7.3–28.6 октомври 1929Стадион ОНЕФ , Букурешт, Романија1–21–2Балкански куп 1929/319.13 април 1930Стадион на БСК, Белград, Југославија2–06–110.4–111.17 јули 1930СтрадионГран Парк Сентрал, Монтевидео, Уругвај2–04–0Светско првенство 193012.3 август 1930Стадион Алвеар, Буенос Аирес, Аргентина1–31–313.16 ноември 1930Стадион на Славија, Софија, Бугарија2–03–0Балкански куп 1929/3114.19 април 1931Стадион Рајко Митиќ, Белград, Југославија1–01–015.21 мај 1931Партизан (стадион), Белград, Југославија1–03–216.28 јуни 1931Стадион Максимир, Загреб, Југославија1–12–4Балкански куп 1929/3117.2 август 1931Стадион Рајко Митиќ, Белград, Југославија2–02–1пријателски18.4 октомври 1931Стадион Јунак, Софија, Бугарија2–02–0Балкански куп 193119.30 април 1933Стадион Рајко Митиќ, Белград, Југославија1–11–1пријателски20.24 септември 1933Партизан (стадион), Белград, Југославија2–02–2Квалификации за Светско првенство 193421.18 март 1934Стадион АС 23, Софија, Бугарија1–02–1пријателски22.2–023.3 јуни 1934Партизан (стадион), Белград, Југославија3–48–4пријателски24.6–425.8–426.26 август 1934Стадион Рајко Митиќ, Белград, Југославија4–14–1пријателски27.16 декември 1934Парк на принцовите Париз, Франција1–12–3пријателски28.1 јануари 1935Стадион Апостолос Николаидис, Атина, Грција2–04–0Балкански куп 1934/3529.17 јуни 1935Стадион Јунак, Софија, Бугарија1–02–0Балкански куп 193530.20 јуни 1935Стадион Јунак, Софија, Бугарија2–06–131.24 јуни 1935Стадион Јунак, Софија, Бугарија1–03–332.12 јули 1936Стадион Таксим, Истанбул, Турција1–13–3пријателски33.6 септември 1936Партизан (стадион), Белград, Југославија1–09–3пријателски34.3–035.5–036.8–137.3 април 1938Партизан (стадион), Белград, Југославија1–01–0Квалификации за Светско првенство 1938
Признанија
Орден на Свети Сава, 5 степен (Кралство Југославија).
Белешки
Поврзано
Монтевидео, Бог те видео!
Наводи
Надворешни врски Првата дама на која и аплаудираа кај нас на фудбалските терени (Политика, Иван Цветковиќ, 07.02.2019 г. ) Профил на мрежното место на државната репрезентација Профил на веб-страницата на ФИФА Сите приходи од натпреварот - еден играч („Политика“, 08.01.2019)
Не сакав да играм во второто полувреме („Политика“, 28.07.2020)
Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Починати во 1984 година Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Починати во Белград