Петар I Алексеевич или Петар Велики (руски: Пётр I Алексеевич; Пётр Великий; Москва, 9 јуни 1672 — Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот календар, или 30 мај 1672 — 28 јануари 1725 според јулијанскиот календар) — цар на Русија кој владеел со неа од 7 мај (27 април според јулијанскиот календар) 1682, па сѐ до својата смрт во 1725.
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат Иван V, кој умрел во 1696. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушил сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.-{Martínez Laínez F. Pedro I el Grande. Historia y Vida; 38(461):64-73.}-.
Петар владеел сам до 1724 година, а потоа владеел заедно со својата сопруга Екатерина I. Тој бил модернизатор на заостанатата феудална Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка европска сила во тоа време. Ја одбил титулата цар во 1721 и ја заменил со титулата „император“
Детство мини|300п|Крунисувањето на Петар и Иван, литографија на Иљја Репин од 1900 Петар бил син на рускиот цар Алексеј I и неговата втора жена Наталија Наришкина. Алексеј I од првиот брак со Марија Милославскаја имал 5 синови и 8 ќерки, од кои само два сина: Фјодор III и Иван биле живи, кога Петар се родил. Алексеј I имал уште две ќерки со Наталија Наришкина пред да умре во 1674, година во која го наследил најстариот син Фјодор IIIПетар Велики. Периодот на преродбарта на царска Русија. -{www.znanje.org}-.
Фјодор владеел шест години и умрел од скорбут. Поради тоа што немал деца, избиле конфликти за тоа кој има право да го наследи престолот, дали семејството на Алексеевата прва жена Марија или пак семејството на неговата втора жена Наталија.. Правно гледано, Иван бил следниот владетел по наследна линија, но бил физички и ментално неспособен да ја преземе должноста на цар, а и болјарите не сакале власта да биде во рацете на припадник на семејството Милославски. Бојарската дума во договор со патријархот го именувале десетгодишниот Петар за цар, заедно со неговата мајка како регент, против што се побунило Ивановото семејство, на чело со неговата сестра Софија Алексеевна. Под нејзино влијание, во тоа време се појавил и проблемот со „стрелците“ (елитни руски воени единици во тоа време). Елитните руски воени единици влегле во дворот, го ограбиле и пред очите на Петар убиле многу болјари, меѓу кои и двајца постари браќа на неговата мајка Наталија. Петар и неговата мајка биле присилени да се повлечат додека Софија не го преземала местото на регент над заедничкото владеење на Петар и Иван..
Младост мини|200п|лево|Петар на десет години. Портрет од 17 век Додека Софија била регент, Петар со својата мајка и луѓето кои му биле блиски живеел во дворците во околината на Москва, а најмногу во селото Пребраженско,Петар Велики. Почеток на владеењето на Петар Велики. -{www.znanje.org}- каде што времето го поминувал вежбајќи и обучувајќи се во воените вештини со своите другари. Со тек на време, тој формирал своја воена единица, составена од војници, кои му биле верни, кои ги нарекол „Преображенски“ и „Семјоновски“, според дворците во кои живеел со својата мајка. Неговите луѓе го сакале и му биле верни, бидејќи тој ги сметал за пријатели и многу добро постапувал со нив. Голема љубов и интерес имал во изградбата на бродови и пловидбата воопшто, на што го научил еден Холанѓанец, кого го запознал во „германската населба“, сместена надвор од градот, каде живееле странци.
Во 1689 година, мајка му организирала свадба со Евдокија Лопухина. Но, бракот не бил како што треба, па по 10 години, Петар ја принудил сопругата да се откаже од бракот и да се замонаши.
Кога Петар наполнил 17 години, Софија сфатила дека и се заканува опасност, па започнала да врши промени на дворот, заедно со стрелците. Кога дознал за намерите на Софија, Петар заминал во манастирот св.Троица Сергеевска, а потоа ги повикал своите два полка, кои биле дел од некои одреди на војската и од стрелците. Софија била сменета на престолот и затворена во женски манастир.
Сепак, вистинската власт била во рацете на Петровата мајка Наталија Наришкина, така што Петар сѐ уште не можел да оствари апсолутна власт. По смртта на неговата мајка, во 1694, Петар станал вистински независен владетел. Формално, Иван ја делел власта со него, но без значајно влијание. По Ивановата смрт (1696), Петар и легално станал единствен владетел.
Во меѓувреме, тој продолжил да ја посетува германската населба, каде што многу добро се запознал со западниот менталитет и западните обичаи. Тука ги запознал и своите два најдобри другари: Шкотланѓанецот Патрик Гордон (анг. Patrick Gordon), авантурист кој се занимавал со изнајмување на знамињата на другите земји и Швајцарецот Франц Лефорт (фр. Franz Lefort), војник, кој служел во руската војска. Петар и понатаму организирал воени маневри, а на Переславското езеро изградил воен брод со мал број на помошници. Затоа отишол во Архангелск, каде за првпат во животот видел бродови и пловидба на море.
Русија во тоа време имала 13 милиони жители и била многу заостаната. Најголем број од нејзините жители биле селани (кметови), а бројот на благородници и граѓани бил многу мал. Буржоазијата, едвај постоела. Трговијата, која ја вршеле странците, се состоела во размена на западноевропски фабрички производи со руски суровини, а градовите речиси и да не постоеле, бидејќи имало големи села.
Почеток на владеењето Годината 1695 била особено значајна во животот на Петар. Во неа, тој започнал да владее самостојно. Нему му било многу јасно дека Русија не може да се носи со големите европски сили, ако не ја надмине својата заостанатост. Во прв ред, тој се стремел на Русија да и обезбеди излез на море и да ја наруши културната и економска изолираност со другите европски земји.
Во тоа време, Русија имала излез, само на Белото Море. Шведска го контролирала Балтичкото Море, а контрола над Каспиското Езеро, Петар можел да добие само ако ги потиснел Татарите од околните места. Затоа, тој бил принуден да војува со нив на Крим, кој во тоа време бил под османлиска власт. Негова главна цел била да го заземе градот Азов, којшто во тоа време бил османлиско утврдување на реката Дон. Летото 1695, Петар го нападнал Азов, но нападот бил одбиен. Во ноември истата година, Петар, поучен од неуспехот изградил мала флота во Вороњеж, чија команда му ја доверил на Лефорт, кој во јули 1696 го зазел градот Азов, со што Русија добила излез на Азовското и Црното Море.
Патот во Европа и побуната на „стрелците“ мини|200п|Софија Алексеевна (1698), масло на платно (Иљја Репин, 1879) За да го задржи Азов, Петар сфатил дека мора да формира голема флота, за чија изградба не располагал со доволно инженери, како ни морнари ни поморски офицери. Тој, веднаш испратил на обука за поморство, навигација и бродоградба стотина болјари во Англија, Холандија и Италија. Кога се дознало дека и самиот цар сака да патува во странство, некои водачи (Козаци), како и некои „стрелци“ имале во план да го убијат, меѓутоа Петар го открил заговорот на време и жестоко се пресметал со заговорниците. Стотина заговорници биле однесени на Кремљскиот плоштад каде што биле запалени или им била отсечена главата.
Дознавајќи и интересирајќи се сѐ повеќе за западниот начин на живот и западната технологија, Петар во 1697, тргнал на пат за Европа, придружуван од бројна делегација на советници (т.н. „Голема амбасада“). Тој сакал, што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји зада може да ги примени во својата земја. Патувал како Петар Михајлович, иако на дворот кој го посетувал неговиот вистински идентитет бил познат и добивал третман достоен за неговата позиција. Одредено време работел како дрводелец и бродоградител во Амстердам, а подоцна и во Англија, во близина на Лондон. Ги посетил главните градови на Германија и Австрија, а разговарал и со британскиот крал Вилијам III и се запознал со англиското општество, за кое Петар сметал дека е над сите, бидејќи никогаш не се видело кралот да пуши и пие по крчми, заедно со морнарите. Петар патувањето го искористил и за да изнајми стотици техничари и офицери од странство, кои требале со своите знаења да помогнат во Русија. Петар се стекнал и со големо знаење во областа на бродоградбата и картографијата.
Од друга страна, Петар сакал да се обиде да добие помош и поддршка од европските владетели во борбата против моќното Османлиско Царство. Меѓутоа неговите надежи станале јалови; Франција била традиционален сојузник на османлискиот султан, а Австрија настојувала да одржува мир на истокот за да може да војува на западот. Освен тоа, Петар избрал прилично лош момент за својата дипломатска офанзива: во тоа време Европа повеќе размислувала за тоа, кој ќе застане на шпанскиот престол, по смртта на кралот Карлос II, отколку да војува со Османлиското Царство.
Неговата посета, изненадувачки била прекината во 1698 година, кога поради побуната на „стрелците“, бил принуден да го прекине своето патување низ Европа и да се врати во Русија. Меѓутоа, побуната била лесно задушена, дури и пред Петар да се врати дома. Тогаш, Петар останал во Полска, каде се запознал со полскиот крал Август II, со кого склучиј сојуз пред престојната војна со Шведска, чија цел била Русија да обезбеди излез на Балтичкото Море.
Првите реформи мини|лево|200п|Петар Велики, портрет (Жан Марк Натие, 1717) Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се пресметал со побунетите. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир. Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија, која била доживотно затворена во манастир. Тој исто така го завршил својот 17-години неуспешен брак. Ја натерал Евдокија да се откаже од бракот и да отиде во манастир. Таа на Петар му родила 3 сина, а само еден, Алексеј преживеал, кој на 8 години бил одвоен од својата мајка. Односите меѓу таткото и синот биле сѐ полоши. Алексеј одбивал секоја послушност кон царот, а Петар скоро секој ден го тепал.
Петровата посета на Западна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода. Ова наредба не важела само за свештениците, обработувачите на земја и кочијашите. На болјарите им наредил да ги скратат своите долги ракави и кафтаните (традиционална московска долна облека). На еден прием, кој го приредил по враќањето од странство, со ножички им ја сечел брадата на благородниците, без оглед на тоа што во Русија носењето на брада имало и верско значење и што црквата забранувала бричење на брадата.
Ова не биле единствените промени, кои ги вовел во руското општество. Веројатно поучен од своето искуство, Петар сметал дека договорените бракови се варварски обичај-{Basil Dmytryshyn, Modernization of Russia Under Peter I and Catherine II (Wiley, 1974) p.21}- и треба да се забранат, против волјата на идните сопружници и прогласил, задолжително идните сопружници да бидат верени најмалку шест седмици, време во кое би можеле слободно да се гледаат и подобро да се запознаат. Исто така им наредил на своите дворјани да приредуваат забави според европски обичаи, а жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш.
Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандарди. На благородништвото му наредил задолжителна служба на државата, како во администрацијата, така и во војската, а воената хиерархија ја уредил така што унапредувањето било вршено според заслугите, а не потеклото. Така, секој којшто имал големи заслуги бил унапредуван, а можел да достигне и високи воени чинови. Тој, исто така вовел и задолжителна воена служба, со што создал војска од 300.000 постојани војници, морнарица и резервисти.