Стефан Русјаков (Скопје, - Скопје, ) — македонски оперски певец, баритон, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 9 мај 1947 год. Во МНТ работел од 1947 до 1954 г. Тој е носител на баритонскиот фах во почетните години на Операта. Позначајни улоги: Гроф Луна (Трубадур), Алберт (Вертер), Млинар Симо (Еро од оној свет). Како дипломиран правник, по напуштањето на Операта се посветува на правничката професија.

Наводи

Надворешни врски Институт за театрологија http://www.mactheatre.edu.mk/avtor.asp?lang=mac&id=5

Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Починати во Скопје Категорија:Луѓе од Скопје