Кангов конак (понекогаш и како Камгов конак) — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.
Местоположба
Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 5, јужно од Зградата на Општина Гевгелија и спроти Андреевиот конак.
Историја
Канговиот конак е изграден во почетокот на век.
Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Денес, конакот е во приватна сопственост, но како зграда со висока амбиентална вредност, таа била прогласена за споменик на културата. Во долниот кат на градбата работат услужни дејности.
Архитектура
Конакот е приватен аголем станбен објект, на приземје и кат. Делот што излегува на аголот на двете улици е засечен, така што прави челна фасада профилирана како и другите две.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Куќи во Гевгелија Категорија:Македонска староградска архитектура