Аргач - Секир Тепе — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Пеширово. Претставува тумул од железното време.

На 1 км југоисточно од селото има тумул со кружна основа и зачувана височина од околу 4 м. Со обработувањето на земјата тумулот е делумно оштетен. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Пеширово; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.

Наводи

Категорија:Пеширово