мини|Дворецот на баронот Јовановиќ Дворец на баронот Јовановиќ — дворец кој се наоѓа во Сочица, во градот Вршац. Изграден е на почетокот на 19 век, и е под заштита на Република Србија како споменик на културата во категоријата недвижно културно наследсто од големо значење.
Опис Објектот класично е составен како приземна зграда со правоаголна основа. Главната фасада е симетрична, со централна проекција истакната со поткровје на врвот со украсна вазна, со нагласени хоризонтални споеви. Дворната фасада е поскромна, а може да се претпостави дека тремот е подоцна дограден. Заштитните шипки од ковано железо на прозорците се декоративни, додека нанесениот мотив на венец е украс кој му се припишува на класицизмот.Дворци инфо/Сочица
Дворецот го изградил баронот Јовановиќ. Со текот на времето ги сменил сопствениците, па имотот во 1832 година го купил Чико Селаш. Д-р Нестор Месаровиќ и неговите деца го купиле имотот во 1857 година, а потоа имотот го купила Бела Мајтењи. Денес, во дворецот е сместена локалната администрација
Галерија
Поврзано Список на споменици на културата во Јужнобанатскиот Oкруг Споменик на културата од големо значење
Наводи
Надворешни врски „Дворецот на барон Јовановиќ - културни споменици во Србија“ . САНУ (на српски). Список на културни споменици од големо значење во Војводина Републички завод за заштита на спомениците на културата - Белград Список на споменици Републички завод за заштита на спомениците на културата-Белград / База на недвижен културен имот Дворци во Војводина
Категорија:Споменици на културата во Србија Категорија:Вршац