Винарска Визба — некропола од римското време во подрачјето на градот Велес, Македонија. На 2 километри северно од градот, на левата страна на Вардар, при изградбата на винарската визба на АК „Лозар“ се пронајдени гробови со кремирање и инхумација. Иван Микулчиќ мисли дека од ова наоѓалиште потекнуваат 15 стели од мермер со релјефни претстави и грчки натпис. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Народниот музеј во Велес.

Поврзано Кале — градиште од доцноантичкото време; Петрова Чешма — могила од римското време; Велес; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.

Наводи

Категорија:Велес