Орашки Камен — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Преод. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време.
Во непосредната близина на селското училиште, при длабоко орање на нивите се откриени темели од повеќе објекти, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Најден е камен на кој имало зачуван натпис. Откриени се и камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 357, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Преод; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи