Чјингдао (пинјин; традиционално Qingdao и Tsingtao) — најголемиот град и најпрометното пристаниште во покраината Шандунг сместен во североисточниот дел на Народна Република Кина. Се наоѓа на јужниот брег на полуостровот Шандунг, на влезот во заливот Ѓаоџоу кој е дел од Жолтото Море.Qingdao , Hrvatska enciklopedija, пристапено на 4 август 2020
Историја Во 1898 година династијата Чјинг му го отстапила градот на Германското Царство на 99 години. Во 1899 година било изградена пристаниште, а во 1904 година железница до Ѓинан. Во 1914 година, за време на Првата светска војна, градот бил окупиран од Јапонското Царство . Градот ѝ бил даден на Република Кина во 1922 година. Во 1938 година, за време на Втората кинеско-јапонска војна, Јапонското Царство повторно го окупирала градот. Окупацијата траела до 1945 година.
Население Во 2014 година, градот имал 9.046.200 жители, од кои 6.188.100 живееле во урбани средини.
Стопанство Во поново време, Чјингдао се разви во главен индустриски центар на Шандунг. Покрај традиционалната текстилна индустрија и познатото пиво Цингтао, се разви и силна хемиска, гумарска, машинска (индустриски и други машини) и особено електронската индустрија.
Сообраќај Иако почнал да се развива како пристаниште за надворешна трговија дури на крајот на 19 век, Чјингдао сега е едно од главните кинески пристаништа. Пристанишниот товарен сообраќај се зголемил од 51,0 милиони тони во 1995 година на 161,6 милиони тони во 2004 година. Во Чјингдао доминира контејнерскиот сообраќај (5,1 милиони TEU). Јагленот, железната руда, нафтата и житариците најчесто се транспортираат со контејнерски сообраќај. Со ферибот е поврзан со Јапонија (Шимоносеки) и Јужна Кореја. Градот е дом на поморската база на Народноослободителната војска и меѓународниот аеродром Чјингдао Лиутинг.
Збратимени градови Чјингдао има 25 збратимени градови: Град Држава Година на збратимување Акапулко 1985 Аделаида 2014 Билбао 2004 Даегу 1993 Фаисалабад 2021 Илоило 2003 Клајпеда 2004 Лонг Бич 1985 Макасар N/A Манхајм 2016 Мајами 2005 Монтевидео 2004 Нант 2005 Нес Циона 1997 Норт Шор Сити 2008 Одеса 1993 Падерборн 2003 Перм 2003 Пуерто Монт 1999 Ргенсбург 2009 Ричмонд 2008 Санкт Петерсбург 2006 Шимоносек 1979 Саутхемптон 1998 Велсен 1998 Вила Велха 2009 Вилхелмсхавен 1992 Ереван 2023
Наводи
Надворешни врски
Qingdao Government website Qingdao International Academician Port website Study in China Admission System(中国高等院校国际招生管理服务系统) website
Категорија:Пристаништа Категорија:Градови во Кина