Муса Бароу (роден на 14 ноември 1998, во Банџул, Гамбија) — гамбиски фудбалер, напаѓач или крило на Болоња и на гамбијската репрезентација.

Технички одлики Офанзивно крило кое се одликува со огромна брзина, со витка фигура и поседува добра техника.Atalanta, Gasperini ha un asso più: Barrow ilgiorno.it Тој, исто така, може да игра и во улогата на централен напаѓач. Неговата брзина го прави опасен во отворени простори а исто така и во напаѓањето на длабочината.

Клупска кариера Аталанта Пристигнувајќи во Италија во летото 2016 година, тој го направил своето деби за Примавера тимот на Аталанта дури следниот месец февруари, веднаш покажувајќи се како еден од најдобрите играчи во клупскиот расадник на клубот од Бергамо.VIVAIO, PRIMAVERA: ALLA SCOPERTA DI... MUSA BARROW atalanta.itMusa Barrow il «baby» fenomeno 21 gol e si allena con la prima squadra ecodibergamo.it На 30 јануари 2018 година, тој го направил своето деби за првиот тим во натпреварот од Купот на Италија загубен од со 0-1;Atalanta-Juventus 0-1: Higuain colpisce, Buffon conserva. Bianconeri vicini alla finale repubblica.it првиот настап во Серија А го имал на 10 февруари, во ремито 1-1 на гостувањето против .Crotone - Atalanta: esordio in Serie A per Musa Barrow calcionazionale.it На 18 април, во натпреварот против во лигата, тој го постигнал својот прв професионален гол во кариерата.

На 26 јули 2018 година, тој го започнал како стартер натпреварот на домашен терен против босанскиот клуб Сараево, валиден за второто квалификациско коло од Лига Европа: негово деби во европските натпреварувања. На 2 август 2018 година, тој постигнал хет-трик во реваншот против Сараево, негов прв хет-трик во кариерата. Меѓутоа, во втората сезона тој игра многу помалку поради одличната форма на офанзивното трио на Ла Деа Дуван Сапата, Јосип Иличиќ и Алехандро Гомес, постигнувајќи само еден првенствен гол против Џенова.

Тој останал во Аталанта и во сезоната 2019-2020, во која на 18 септември 2019 година го имал своето деби во Лигата на шампиони, играјќи во последните минути од натпреварот од првото коло од групата фаза во кој Бергамаските загубиле со убедливи 4-0 на гостувањето во Загреб кај Динамо; Во оваа сезона, тој забележал уште само 7 настапи (сите во Серија А), по што го напуштил клубот во зимскиот трансферен прозорец. Вкупно во дресот на Аталанта одиграл 52 натпревари и постигнал 8 голови.

Болоња На 17 јануари 2020 година, бил позајмен со обврска за откуп во февруари 2021 година на за 13 милиони евра плус бонуси. На 19 јануари, тој дебитирал во новиот дрес, заменувајќи го Никола Сансоне во 63-тата минута од натпреварот Болоња- (1-1); на 25 јануари, во натпреварот против , го постигнал својот прв гол за Болоња.

Репрезентативна кариера На 1 јуни 2018 година, тој го направил своето деби со репрезентацијата на Гамбија под 23 години, играјќи како стартер во натпреварот добиен со 1-0 против врсниците од Мароко, во кој го постигнал победничкиот гол.

На 8 септември 2018 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во натпреварот против Алжир во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2019, заменувајќи го Асан Сисеј во 66-тата минута. На 12 јуни 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за Гамбија во победата со 1-0 во пријателски натпревар против Мароко.

Бароу бил повикан и ја претставувал својата земја на Африканскиот куп на нации 2021. Како дебитант на Африканскиот куп на нации, Гамбија одиграла одличен турнир и стигнала до четвртфиналето каде биле сопрени од домаќинот . Својот прв гол на турнирот Бароу го постигнал во вториот натпревар од групната фаза, кога со прецизно реализиран пенал во 90-тата минута и донел бод на својата репрезентација против (1-1). Потоа, во осминафиналето против играно на 24 јануари 2022, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот со кој ја одвел Гамбија до победа од 1-0 и пласман во четвртфиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 22 февруари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 А 12 3 КИ 2 0 ЛЕНе бил вклучен на списокот со играчи за настап во УЕФА натпреварувањата. - - - - - 14 3 2018-2019 А 22 1 КИ 2 0 ЛЕ 6Во квалификациските кола 4 - - - 30 5 2019-јан. 2020 А 7 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 - - - 8 0Вкупно Аталанта 41 4 4 0 7 4 - - 52 8 јан.-јун. 2020 А 18 9 КИ - - - - - - - - 18 9 2020-2021 А 38 8 КИ 2 1 - - - - - - 40 9 2021-2022 А 21 5 КИ 10 - - - - - - 225Вкупно Болоња 77 22 3 1 - - - - 80 23Вкупно во кариерата 118 26 7 1 7 4 - - 132 31

Наводи

Надворешни врски

Муса Бароу на transfermarkt Муса Бароу на soccerway Муса Бароу на espn Муса Бароу на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Гамбијски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Родени во 1998 година