Граѓанска војна во Централноафриканската Република — тековна граѓанска војна во Централноафриканската Република (ЦАР) во која се вклучени владата, бунтовниците од коалицијата Селека и анти-балака милициите.Uppsala Conflict Data Program Conflict Encyclopedia, Central African Republic, In depth: The Seleka Rebellion, viewed 16 May 2013, http://www.ucdp.uu.se/gpdatabase/gpcountry.php?id=31&regionSelect=2-Southern_Africa#

Во претходната Граѓанска војна во Централноафриканската Република (2004–2007), владата на претседателот Франсоа Бозизе се бореше со бунтовниците до мировниот договор во 2007 година. Тековниот конфликт настана кога новата коалиција на различни бунтовнички групи, позната како Селека, ја обвини владата поради неуспехот да се придржува до мировните договори, зазеде многу градови во 2012 година и го зазеде главниот град во 2013 година.Zuma joins regional leaders over crisis in Central African Republic, BDay Live, by Nicholas Kotch, 19 April 2013, 07:50, http://www.bdlive.co.za/africa/africannews/2013/04/19/zuma-joins-regional-leaders-over-crisis-in-central-african-republic Бозизе побегнал од земјата, а водачот на бунтовниците Мишел Џотодија се прогласил за претседател. Почнаа обновени борби меѓу Селека и милициите кои им се спротивставија, наречени анти-балака. Во септември 2013 година, претседателот Џотодија ја распушти коалицијата Селека, која го загуби своето единство по преземањето на власта, и поднесе оставка во 2014 година. Тој беше заменет со Катрин Самба-Панза, но конфликтот продолжи. Во јули 2014 година, поранешните фракции на Селека и претставниците против Балака потпишаа договор за прекин на огнот."RCA: signature d’un accord de cessez-le-feu à Brazzaville ". VOA. 24 July 2014. Retrieved 28 July 2014. До крајот на 2014 година, земјата беше де факто поделена помеѓу анти-Балака коалицијата кои ги контролираа југот и западот, од каде повеќето муслимани беа евакуирани и поранешните групи Селека кои ги контролираа северот и истокот. Фаустин-Аршанж Туадера, кој беше избран за претседател во 2016 година, се кандидираше и победи на изборите во 2020 година што ги поттикна главните бунтовнички фракции да формираат сојуз против избраниот претседател наречена Коалиција на патриоти за промена, која беше координирана од поранешниот претседател Бозизе.

Голем дел од тензиите се настанати поради верско и религиско нетрпение меѓу муслиманските борци на Селека и христијанските анти-балака милиции и етничките разлики меѓу поранешните фракции на Селека и историскиот антагонизам помеѓу земјоделците, кои во голема мера се анти-балака, и номадските групи, кои ги сочинуваат повеќето борци на Селека. Други фактори кои играат важна улога во конфликтот ја вклучуваат борбата за контрола на дијамантите и другите ресурси во земјата богата со ресурси и за влијание меѓу регионалните сили како Чад, Судан и Руанда и меѓународните сили како Франција и Русија. Повеќе од 1,1 милион луѓе ги напуштија своите домови во земја со околу 5 милиони жители, што е највисоко досега забележано во земјата.

Наводи

Категорија:Хуманитарна помош Категорија:Граѓанска војна во Централноафриканската Република Категорија:Граѓански војни во Африка Категорија:Граѓански војни Категорија:Судири во 2012 година Категорија:Судири во 2022 година Категорија:Историја на Централноафриканската Република Категорија:Религиозни граѓански војни Категорија:Граѓански војни засновани на револуција Категорија:Граѓански војни засновани на пуч Категорија:Војни на Чад Категорија:Војни на Франција Категорија:Војни на ЈАР Категорија:Војни на Руанда Категорија:Војни на Русија Категорија:Војни на ЦАР Категорија:Судири во 2021 година