Николај Јанков Кауфман (; 23 септември 1925 – 26 март 2018) ― бугарски музиколог, фолклорист и композитор, понекогаш наведен како најистакнат бугарски изучувач во својата област.

Кауфман е роден во подунавскиот град Русе во бугарско ашкенашко еврејско семејство. Во 1952 година дипломирал труба и музичка теорија на Националната музичка академија во Софија.

Од 1952-1988 година работел во Институтот за музика на Бугарската академија на науките ; потоа се преселил во Институтот за фолклористика. Почнувајќи од 1978 година, тој бил предавач на Националната академија за музика. Докторирал во 1973 година.

Композициите на Кауфман вклучуваат над илјада аранжмани на бугарски, ашкенашкии и сефардски еврејски народни песни, негови сопствени песни компонирани во бугарски народен стил и клавирски дела. Некои од снимките на Женскиот вокален хор на бугарската државна телевизија биле засновани на аранжманите на Кауфман на бугарски народни песни, вклучително и некои во албумот на хорот награден со Греми награда, Le Mystère des Voix Bulgares, Vol. II.

Работата на Кауфман како музиколог опфаќа снимање на преку 30.000 бугарски народни песни и мелодии, резултат на неговите теоретски и теренски студии. Тој изработил голем број книги, збирки и статии. Од 1997 година е дописен член на Бугарската академија на науките и академик од 2003 година. Добитник е на голем број професионални награди и награди.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Членови на БАН Категорија:Луѓе од Русе Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Бугарски Евреи Категорија:Бугарски фолклористи Категорија:Бугарски музиколози Категорија:Бугарски композитори