Јакопо Корси (; 17 јули 1561 - 29 декември 1602 година) - фирентински композитор, благородник, покровител на уметноста и еден од основоположниците на оперскиот жанр. Домот на Корси служел како место за средба на Фирентинската Камерата, елитниот круг фирентински хуманистички уметници, меѓу кои биле Винченцо Галилеј, Јакопо Пери, Џулио Качини, како и сите поддржувачи на „либералните уметности“. Корси бил директно вклучен и во создавањето на музички дела, меѓу кои и арии за првата опера „Дафне“, која потоа ја користел Пери. Тој составил два зачувани музички фрагменти како пример за музиката на Пери и веројатно учествувал како чембалист на премиерата на првата опера. Во 1598 година, во домот на Корси била премиерно изведена Дафне. Од партитурите од оваа опера се зачувани се шест фрагменти, два од Корси и четири од Пери.

Корси бил познат по своето богатство и по тоа што бил еден од главните покровители и спонзори на уметноста во Фиренца, а неговото име е суштински поврзано со она на Џовани де Барди и неговата Фирентинската Камерата, која на светот му ја понудила мелодрамата.BACCHI, Andrea. BERTI, Federico. PEGAZZANO, Donatella. The Patronage of Domenico Maria Corsi Volume 1, 46 pages, . 2016, Milan.

Наводи

Литература Риман, Гуго. Музыкальный словарь : CD-ROM / пер. с нем. Б. П. Юргенсона, доп. рус. отд-нием. — М. : ДиректМедиа Паблишинг, 2008. Headington, Christopher; Westbrook, Roy; Barfoot, Terry. Opera: a history (англ.). — Bodley Head, 1987. — 399 p.

Категорија:Починати во Фиренца Категорија:Починати во 1602 година Категорија:Починати на 29 декември Категорија:Родени во 1561 година Категорија:Родени на 17 јули Категорија:Родени во Фиренца Категорија:Италијански барокни композитори Категорија:Италијански класични композитори Категорија:Италијански композитори од 17 век Категорија:Музичари од 17-ти век