Јанис Папајоану ( ; 18 јануари 1914 – 3 август 1972 година) ― познат грчки музичар и композитор роден во Киос (сега Гемлик), Отоманската Империја. Најактивен во 1940-тите, тој напишал многу песни, од кои некои денес се сметаат за класици на народниот музички стил ребетико. Тие вклучуваат: Πέντε Έλληνες Στον Άδη (изг.: Пенте Елинес стон Ади; букв.: Петмина Грци во Адот), Καπετάν Αντρέα Ζέππο (Капетан Андреа Зепо), Μόδιστρούλα (изг.: Модиструла; букв.: Модистрола), Πριν Το Χάραμα Μοναχός (изг.: Прин ти харама монахос; букв.: Монах пред зората) и Φοβάμαι Μη Σε Χάσω (изг.: Фовамај ми се хасо; букв.: Се плашам дека ќе те изгубам). Неговиот стил задржува голем дел од музичкиот квалитет на класичната ребетика на Маркос Вамвакарис, иако тематската содржина на стиховите има тенденција да не се насочува толку многу на вообичаено мрачните теми - дрогата, смртта и затворот - на раната ребетика.

Починал во Атина на 3 август 1972 година во сообраќајна несреќа и бил погребан на гробиштата во Калитеа, југозападно од Атина во близина на областа Ѕиѕифис во јужна Калитеа, каде што тој, како и многу други ребетико и лаико музичари, често настапувал.Periphery: Attica A description of Athens and its prominent citizens.

Наводи

Извори Јанис Папајоану, Ντόμπρα και σταράτα. Αυτοβιογραφία, издадена од Kάκτος, 1996 година Гејл Холст: Road to Rembetika, 5. издание, 1994: Denise Harvey & Co. ) https://web.archive.org/web/20070817132741/http://www.rebetikorow.com/papa.htm

Категорија:Композитори од 20 век Категорија:Грчки композитори Категорија:Грчки музичари Категорија:Починати во 1972 година Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Иселеници од Отоманската Империја во Грција Категорија:Починати во сообраќајни несреќи во Грција Категорија:Грчки свирачи на бузуки Категорија:Анадолски Грци Категорија:Луѓе од Гемлик