Калдрма — археолошко наоѓалиште во струшкото село Радожда. Претставува пат од римско време.
Местоположба
Се наоѓа на 300 метри западно од селото Радожда, на падините на Јабланица и води кон преминот Ќафасан.
Опис
Трасата е поплочена со камени блокови и грижливо изведени рабови, а ширината изнесува 2,5-3 метри. Патот е сочуван и видлив во должина од 100 метри со прекини (31; 4; 19; 19; 21 метар), а потоа се губи во густото зеленило на планината.
Поврзано Св. Арангел — пештерна црква од доцниот среден век; Радожда; и Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи
Категорија:Радожда