Куќа на Караѓулеви — стара куќа во градот Охрид, изградена во втората половина на XIX век. Прогласена е за културно наследство на Македонија како редок пример за зачувана староградска градба од тој вид.

Архитектура Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Кузман Капидан“ бр. 28 (старо име „Страшо Пинџур“). Им припаѓала на браќата Караѓулеви. Слободно е поставена во сопствен двор на стрмен терен. Се состои од приземје и кат. Начинот на изградба е својствен за архитектурата на Стариот Град на Охрид — приземјето е направено од фугиран камен, а катот е делумно од дрвена бондручна, а делумно и од камен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од стари турски ќерамиди. Поради големата теренска разлика, домот има два влеза — еден за приземјето и еден за првиот кат. Од истата причина приземјето е делумно вкопано во земја, и тука имало стопански простории. Во него има централен трем, од кој скалилата водат кон катот. На катот има средиштен чардак со две меѓусебно поврзани соби од секоја страна. Подоцна градбата е разделена на четири независни делови (по два на секое ниво). Фасадата има еркерно издаден кат, издаден оџак, одвени ошивки по аглите и околу прозорците, како и богато профилирана стреа.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Караѓулеви Караѓулеви Категорија:Караѓулеви