Свиштов () е град во Северна Бугарија. Тој се наоѓа во Великотрновската област и е расположен на брегот на реката Дунав. Градот е трет по големина во областа после Велико Трново и Горна Орјаховица и е административен центар на Општина Свиштов.

Старобугарското име на градот е Свештниj (Свѣщний). Утврденото во Австриско-турскиот мировен договор од 5 август 1791 г. име е Шиштова, со што е заменет турскиот назив Zigit. Свиштов e првиот бугарски град ослободен од турско ропство.

Градот има население од околу 23.325 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.. Поголемиот дел од населението на Свиштов е православно. Мал дел од жителите на градот се римокатолици, главно поради миграцијата од некои од околните села, коишто се католички целосно (с. Ореш) или делумно (град Белене, с. Драгомирово).

Наводи

Категорија:Населени места на Дунав Категорија:Бугарско-романски гранични премини Категорија:Населени места во областа Велико Трново