Св. Мартинијан — археолошко наоѓалиште во струшкото село Радолишта. Претставува сакрален објект од доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2 километри од селото Ташмаруништа, на земјениот пат кој води кон селото Добовјани.

Историја

Археолошките ископувања се изведени во период од 2000 до 2004 година. Според податоците добиени од Б. Тодоровски, при изградбата на малата црквичка биле откриени темели и мозаичен под од постара градба.

Со изградбата на новата црква „Св. Мартинијан“ за жал биле уништени подовите во наосот и можеби основите на колонадата. Но, подот на нартексот е покриен со керамички плочи кои се сочувани и овој вид на обложување на поплочување продолжува и во протиронот.

Биле откриени бронзени монети од императорот Анастазиј I и Јустинијан I. Според мозаиците и откриените монети може да се заклучи дека базиликата била изградена на крајот на V век, а во употреба била и во VI век.

Архитектура

Ранохристијанската базилика „Св. Мартинија“ имала трикорабна градба со нартекс и протирон.

Храмот имал должина од 17,3 метри. Олтарниот простор завршува со тространа правоаголна форма. Оваа градба по својата архитектонска концепција е единствена во областа на Струга и Охрид. Необичната концепција на влезот како да го заменува егзонартексот. Слични појави има во ранохристијанските базили на јадранското крајбрежје, иако и во базиликата кај Студенчишта е откриен сличен влез од страна на атриумот.

Просторијата западно од нартексот најверојатно служела како крстилница.

Остатоци од раскошното уредување на подот на наосот се сочувани во бочните кораби, кои останале надвор од новоизградената црква. Мозаичниот под е изработен со тесели во три бои, црвена, црна и бела од локален камен.

Галерија

Поврзано Главје — средновековна населба и топилница; Градиште — утврдена населба од римско време; Млака — сакрален објет и некропола од доцноантичко време; На Чука — сакрален објект од доцнохристијанско време; Св. Димитриј — сакрален објект од доцноантичко време; Ташмаруништа; и Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ташмаруништа