Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведена како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8 под реден број 9 во Битола.

Местоположба Се наоѓа на улица Славко Лумбарко бр.8, на раскрсницата со „Кирил и Методиј“. До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 .

Историја Изграден во 1903 година како сопственост на „Свети Димитрија“, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот веднаш му бил даден под закуп на Грчкиот конзулат во градот.

Архитектура Објектот е под влијание на архитектонските стилови кои доминирале во Западна Европа кон крајот на 19 век и има елементи на барокна и неокласична декорација. Главната фасада со големи скалила и два балкона дава монументален поглед на локацијата. Фасадата е богато украсена со столбови во дорски ред на скалите и балконскиот дел, балустрадата на балконите, огради со керамичка декорација, лента со брановидна линија, пластично обликувана под венецот.

Наводи

Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Битола