Кешанли џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.

Џамијата е сместена на раскрсницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Васил Главинов“. Изградена е на 12 март 1874 година по нарачка на Кешанли Бинбаши Хусеин-ага.

Градбата е направена на квадратна основа и има покрив со ќерамиди на четири води. По целата ширина на северозападната страна е изграден понов трем со покрив на три води. Минарето, което има осумаголна основа многуаголно тело, е сместено на западната страна. До него се стасува по скалила од внатрешноста. Храмот е изведен од необработен камен во долните делови и тули на ѕидовите, които подоцна се малтерисани. Минарето е од обработени камени блокови.

Во внатрешноста има полукружна михрабна ниша и минбер и махвил од дрво, изградени во поново време. Внатре нема украси. Осветлувањето е преку прозорци поставени во два реда на југозападната и североисточната страна и три прозорци на југозападната страна во горниот ред.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Охрид Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Охрид Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Охридското муфтиство Категорија:Појавено во 1874 година