Џамија на Хаџи Хамза (или Хаџи Хамза џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.

Местоположба Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на улица „Гоце Делчев“ бр. 53.

Историја Џамијата е изградена во XVI век заедно со медреса (исламско училиште). Подоцна е претворена во теќе, и тогаш е изградено и минарето и турбето со шадрванот.

На 22 март 1968 година џамијата е прогласена за споменик на културата.

Џамијата е санирана во 2009 и 2010 година.

Архитектура Градбата има скромни димензии и прост квадратен облик со централна купола, михраб и минбер. Има и летен молитвен простор, летен кафе-оџак и зимски кафе-оџак. Минарето има големи димензии и шестаголен облик. Џамијата е изградена од кршен камен и наместа со бондрук, а минарето е од обработен камен, подоцна малтерисано. Отворите имаат полукружен облик. На северозапад има доградба од кршен камен, која исто така е малтерисана и варосана.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Охрид Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Хаџи Хамза Хаџи Хамза Хаџи Хамза