Куќа на Ламбески — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.

Историја Куќата е сместена во стариот дел на Охрид, на улица „Цар Самоил“ бр. 42. Изградена е во XIX век и се вбројува меѓу значајните староградски куќи во Охрид. Била во сопственост на Борис Ламбески.

Архитектура Куќата е последна од низата куќи во Болничкото Маало и има карактеристичен влез преку премин од видот „темница“. Западната фасада гледа кон дворното место. Градбата се состои од високо камено приземје и два ката со дрвена бондручна конструкција. На приземјето се стопанските простории – визбата, летната кујна, санитарниот јаз и единичните дрвени скалила нагоре. На пвиот кат била зимската кујна, чардакот и една соба, а на вториот имало само една соба и мал чардак. На приземјето и првиот кат имало ѕидани огништа, а на првиот кат има и вграден долап. Првично катовите на куќата се издавале еркерно, но тоа подоцна е отстрането.

Галерија

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски

Ламбески Ламбески