Куќа на Фроса Тримчева — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.

Архитектура Куќата е сместена во стариот дел на градот, на улица „Нада Филева“ бр. 26. Се состои од приземје и два ката, со двор од напред. Приземјето е камено, а катовите се бондручни. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Катовите се еркерно издадени и профилирани. Фасадата има дрвени опшивки на аглите и околу прозорците и завршува со тимпанон. Стреата е богато профилирана. Во внатрешноста биле зачувани низа оригинални елементи — еден насликан таван од куќата е пренесен во Куќата на Уранија, а има и чичеклаци, долапи и сергени сместени во Куќата на Уранија и во Куќата на Христо Узунов. Куќата ѝ припаѓала на Фроса Тримчева.

На 1 јануари 1951 година куќата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Фроса Тримчева Фроса Тримчева