„Роза Луксембург“ (германски: Rosa Luxemburg) — германско-чехословачки филм од 1986 година во режија на Маргаретe фон Трота (Margarethe von Trotta), која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Барбара Сукова (Barbara Sukowa), Даниел Олбрихски (Daniel Olbrychski) и Ото Зандер (Otto Sander). Филмот ја освоил наградата на Германската филмска академија во категориите: најдобар филм и најдобра глумица, а Сукова ја добила наградата за најдобра глумица и на Канскиот фестивал, каде филмот бил номиниран за „Златната палма“.HRT, Rosa Luxemburg, njemačko-čehoslovački film (пристапено на 8.3.2022)
Синопсис Полската револуционерка Роза Луксембург мечтае за револуција за време на владеењето на Вилхелм II. Таа неуморно ги шири своите убедувања во Германија и во Полска, поради што често завршуав во затвор. Истовремено, таа доаѓа во судир и со своите истомисленици и со љубовниците. Најпосле, таа се наоѓа на чело на комунистичката револуција во 1919 година, кога ја убиваат припадниците на единиците на германските доброволци, „Фрајкор“.
Наводи
Категорија:Германски филмови Категорија:Чехословачки филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови од 1986 година Категорија:Филмови на Маргаретe фон Трота Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови со Даниел Олбрихски Категорија:Филмови со Барбара Сукова Категорија:Филмови со Ото Зандер