Тирено-Адријатико 2022 — 57. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала помеѓу 7 и 13 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја.

Екипи

Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 24 екипи. , со шест возачи, била единствената екипа која не настапила со целосен состав од седум возачи. Вкупно на трката започнале 167 возачи.

Поради бран на симптоми на грип, иако без позитивни тестови на КОВИД-19, многу возачи биле принудени да се повлечат од трката. Од вкупно 167 возачи, трката ја завршил 143.

Рута

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Завршен пласман

Поредок

+ Водство во пласмани по етапа Етапа ПобедникГенерален пласман25пБодовен пласман25пПланински пласман25пПласман за млад возач25пЕкипен пласман 1 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана недоделена Ремко Евенепул 2 Тим Мерлир Давиде Баис 3 Кејлеб Јуан Тим Мерлиер 4 Тадеј Погачар Тадеј Погачар Тадеј Погачар Квин Симонс Тадеј Погачар 5 Варан Баргиј 6 Тадеј Погачар 7 Фил Баухаус На крај Квин Симонс Тадеј Погачар

На втората етапа, Тадеј Погачар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Ремко Евенепул ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. На третата етапа, Тим Мерлиер, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. На петтата етапа, Тим Мерлиер, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Ремко Евенепул, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка. На шестата етапа, Ремко Евенепул, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Погачар и Евенепул биле исто така прв и втор во пласманот за млад возач, поради што третопласираниот Тимен Аренсман ја носел белата маичка. На седмата етапа, Јонас Вингегор, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Тимен Аренсман, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тирено-Адријатико Категорија:Светска турнеја на UCI 2022 Категорија:Италија во 2022 година