Гробишта - Голема Нива — археолошко наоѓалиште во велешкото село Смиловци, Општина Чашка. Претставува некропола од римско време. На 600 м северно од селото, на десниот брег на селската река, при обработувањето на нивите се пронајдени камени плочи и тегули од конструкција на гробови. Од овој локалитет потекнуваат и 4 стели со релјефи и грчки натписи кои се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Велешко

Наводи