Зафирова кула или Апсанска кула — историска средновековна одбранбена кула во градот Кратово.

Местоположба Кулата се наоѓала во Табачкото Маало, на денешната улица Планинска.

Опис Имала два ката и била изградена за време на османлиското владеење во Кратово. Кулата служела како затвор и за датирањето се мисли дека е изградена неколку децении по османлиското освојување на Кратово. Кулата е уништена и нејзините остатоци се слабо видливи.

Наводи

Категорија:Кули во Кратово Категорија:Урнатини во Македонија