мини|Битката кај Аустерлиц. 2 декември 1805 година (Франсоа Жерар). Битката кај Аустерлиц (20 ноември (2 декември), 1805 )) е решавачката битка на Наполеоновата војска против армиите од Третата коалиција, и една од најважните битки во Наполеоновите војни. Оваа битка се смета за најголема победа на Наполеон, и е позната и како Битка на три цара затоа што Француската армија ги поразила војските предводени од рускиот цар Александар I и царот на Светото Римско Царство Франц II. Битката се одиграла во близина на градот Аустерлиц во Австриската империја (денешен Славков кај Брно во Чешка). По Битката кај Аустерлиц и со Пожунскиот мировен договор, потпишан од Австријците, завршила војната на третата коалиција. Битката се смета за тактичко ремек дело, на исто ниво како и битките кај Кана или Гавгамела.Farwell p. 64. "Austerlitz is generally regarded as one of Napoleon's tactical masterpieces and has been ranked as the equal of Arbela, Cannae, and Leuthen."Dupuy p. 102

Причини Во Европа имало превирања уште од почетокот на Француските револуционерни војни во 1792 година. Во 1797 година, по петгодишна војна, Француската Република ја поразила Првата коалиција, сојуз на Австрија, Прусија, Велика Британија, Шпанија и разни италијанските држави. Во 1798 година била создадена Втората коалиција на чело со Велика Британија, Австрија и Русија, а во сојузот биле вклучени и Отоманската Империја, Португалија и Неапол. Во 1801 година Наполеон ја поразил и оваа коалиција, а Британија станала единствен противник на новиот Француски конзулат. Во март 1802 година, по потпишување на Договорот од Амјен, Франција и Британија се согласиле да стават крај на непријателството.

Но, проблемите меѓу двете страни продолжиле и било отежнато спроведувањето на договорот. Британската влада не сакала да ги врати колонијата Кејп и повеќето острови во Холандска Западна Индија на Република Батавија. Наполеон бил лут затоа што британските трупи не ја напуштиле Малта. Тезичната ситуација се влошила кога Наполеон пратил воена сила да ја угуши револуцијата на Хаити. Во мај 1803 година, Британија ѝ објавила војна на Франција.

Трета коалиција Во декември 1804 г., договорот меѓу Англија и Шведска придонел за создавање на Третата коалиција. Британија во 1804 и 1805 година била дипломатски активна со цел да се формира нова коалиција против Франција, а во април 1805 година, Британија и Русија потпишале сојуз. По двата последни пораза, Австрија со цел да се одмазди се приклучила на коалицијата неколку месеци подоцна.

Претходни настани алт=Colored painting showing Napoleon receiving the surrender of General Mack, with the city of Ulm in the background.|мини|350x350пкс| Наполеон го презема предавањето на генералот Мек и австриската војска во Улм . Слика од Чарлс Тевенин . Во август 1805 година, францускиот цар Наполеон, ги насочил своите војски од Ла Манш кон Рајна за да се справи со новите австриски и руски закани. На 25 септември, во голема тајност, 200.000 француски војници почнале да ја преминуваат Рајна на фронт долг 260 км. Најголемиот дел од австриската војска бил стациониран во тврдината Улм во Швабија.

По Битката кај Улм, на 20 октомври 23.000 австриски војници се предале на Наполеон, а бројот на австриски затвореници се искачил на 60.000. Оваа спектакуларна победа на Наполеон била засенета со поразот на француско-шпанската флота во Битката кај Трафалгар. Сепак, Французите продолжиле да напредуваат на копно; а на 13 ноември Австријците без отпор ја предале Виена на Французите.

Руските и австриските трупи се повлекле во Олмуц.Lê Vinh Quốc, Nguyễn Thị Thư, Lê Phụng Hoàng, pp. 154–160 Австро-руските сили стационирани во Олмуц, иако не биле многу, сепак биле побројни од француската армија. Кон силите на коалицијата можеле да се придружат и дополнителни војски, а исто така се очекувало Прусија да се приклучи на коалицијата. Затоа, на сојузничките сили им било поисплатливо да чекаат за да имаат голема надмоќ врз француските сили.

Меѓутоа, сојузничката команда решила да не чека, туку да дејствува. Тие сакале да ја отсечат француската војска, која била во близина на Брун. На 27 ноември, сојузничката војска се упатила од Олмуц кон Брун. На 28 ноември, биле нападнати 8 француски ескадрили кај Вишау и ги избркале од таму. По оваа победа довербата на сојузниците било дополнително зајакната.

На 25 ноември, Наполеон го пратил генералот Савари кај царот Александар, за да ја пренесе неговата порака дека сака да избегне битка, а всушност требало да ја испита ситуацијата и да ја утврди местоположбата на сојузничките сили.

На 29 ноември сојузниците наместо да продолжат да се движат во иста насока кон Брун, скршнале на југоисток. На 1 декември тие ја зазеле својата почетна позиција пред битката во околината на Аустерлиц.

Откако Наполеон дознал дека сојузниците преминале во офанзива, почнал активно да се подготвува за претстојната битка. За да добие на време за пристигнување на дополнителни трупи, Наполеон повторно го испратил Савари, кој барал лично да се сретне со рускиот цар и понудил 24 часовно примирје. Барањата биле одбиени, но поради бавното движење на сојузничките сили, Наполеон добил доволно време. Наполеон од височинка можел лично да го набљудува приближувањето на непријателската војска до бојното поле (28, 29, 30 ноември).

Текот на битката алт=Colored painting showing French troops lighting torches for Napoleon.|мини|300x300пкс| Наполеон со своите трупи во пресрет на битката. Слика од Луј-Франсоа, Барон Лежеун Наполеон располагал со околу 72.000 војници и 157 топови за претстојната битка, а војската на Давут била далеку на југ во правец на Виена. David Nicholls, Napoleon: a biographical companion pp. 9–10. Сојузниците имале околу 85.000 војници, седумдесет проценти од нив Руси и 318 топови.

Бојно поле Битката се одиграла на десет километри југоисточно од градот Брно, помеѓу тој град и Аустерлиц во денешна Чешка. На северниот дел од бојното поле се истакнувал ридот Сантон со 210 метри и ридот Журан висок 270 метри, и од двата рида можел да се надгледува важниот пат Оломоуц - Брно, кој се протегал во правец исток - запад.

Планови и намери алт=Map showing French troops concentrated to the west of the battlefield and the Allies to the east.|десно|мини| Распоред на сојузничките (црвено) и француските (сино) сили во 18:00 часот на 1 декември 1805 г. мини|300x300пкс| Француските војски заземаат позиција На 28 ноември Наполеон се сретнал со своите маршали во Царскиот штаб, кои го информирале за нивните лоши претчувства за претстојната битка. Тој го отфрлил нивниот предлог за повлекување.

Наполеон бил свесен дека командата на сојузничката војска не е во рацете на Кутузов, туку кај царот Александар, кој честопати ги прифаќал плановите на австриските генерали. Сојузничката војска која ја започнала офанзивата паднала во замката поставена од Наполеон.Richard Brooks (editor), Atlas of World Military History. p. 109 Наполеон претпоставувал дека австриската команда ќе се обиде да го отсече од комуникациската врска со Виена. За да го направат тоа, сојузниците требало да го опколат неговото десно крило, но затоа централното и левото крило на сојузниците ќе бидат многу ранливи. За да ги охрабри да го нападнат неговото десно крило, Наполеон ја напуштил стратешката позиција на височините Пратцен, лажирајќи ја слабоста на своите сили и сопствената претпазливост. Во меѓувреме, поголемиот дел од силите на Наполеон требало да бидат камуфлирани на височинката. Според неговиот план, француските трупи требало да ги нападнат и повторно ќе ја заземат височинката Пратцен, а потоа од височина да го започнат одлучувачкиот напад кон центарот на сојузничката војска, да ги неутрализираат и да ги опколат одзади.Gregory Fremont-Barnes, Napoleon Bonaparte: leadership, strategy, conflict, p. 19

Во меѓувреме, за да го поддржи своето слабо десно крило, Наполеон му наредил на III корпус на Давут да дојде од Виена и да им се придружи на луѓето на генералот Легранд, кои го држеле крајното јужно крило кое ќе го поднесе нападот на сојузниците. Војниците на Давут имале 48 часа за да поминат 110 км. Нивното доаѓање би било клучно за исходот на францускиот план

Советот на сојузниците се состанал на 1 декември за да се разгледаат предлозите за битката. Сојузничките стратези имале две клучни идеи: да се соочат со непријателот и да го осигураат јужното крило кое водело кон Виена. Иако рускиот цар со својата непосредна придружба притискале за отпочнување на битка, австрискиот император Франц бил повнимателен и бил поддржан од Кутузов, главниот руски командант.Chandler p. 416. Притисокот за борба од руските благородници и австриските команданти, сепак, преовладал и сојузниците го усвоиле планот на австрискиот началник на Генералштабот Вејротер. Според него требало да се нападне француското десно крило, за кое сојузниците забележале дека е недоволно заштитено, и да се направат диверзантски напади против француското лево крило. Сојузниците најголем дел од своите сили распоредиле во четири чети кои ќе ја нападнат француската десница. Руската царска гарда била резерва за руските трупи кои под команда на Багратион ја штителе сојузничката десница.

Почеток на битката Битката започнала околу 8 часот кога првите сојузнички линии го нападнале селото Телниц, брането од Третиот линиски полк. Овде се воделе тешки борби и во текот на денот. Во тоа време пристигнале првите луѓе од корпусот на Давут и ги исфрлиле сојузниците од Телниц пред и тие да бидат нападнати од хусари и повторно да го напуштат градот.Fisher & Fremont-Barnes pp. 48–49. Селото било заземано наизменично повеќе пати од војските во текот на денот.

Сојузничките чети почнале да ја напаѓаат француската десница, но не биле доволно брзи, па Французите биле претежно успешни во одбивање на нападите. Всушност, сојузничките единици биле лошо распоредени, а акциите лошо темпирани: коњичките одреди под команда на Лихтенштајн од сојузничкото лево крило биле преместени на десното крило и во преместувањето налетале и успориле дел од втората пешадиска чета која напредувала кон француската десница.Fisher & Fremont-Barnes p. 48.

Во меѓувреме, најистурените единици од втората чета го нападнале селото Соколниц, брането од 26-от лесен полк на Французите. Почетните сојузнички напади биле неуспешни и генералот Лангерон наредил бомбардирање на селото. Канонадата ги принудила Французите да го напуштат селото, а речиси истовремено, третата чета го нападнала замокот Соколниц. Французите во контранапад го вратиле селото, за подоцна повторно да бидат исфрлени од него. Борбите во оваа област привремено завршиле кога дивизијата на Фриант (дел од III корпус) повторно го зазел селото. Соколниц бил од стратешка важност на бојното поле, а контролата врз селото се менувала неколку пати во текот на денот.

Додека сојузничките трупи го напаѓале француското десно крило, IV корпус на Кутузов останал на височините Пратцен. Како и Наполеон, Кутузов ја увидел важноста на Пратцен и одлучил да ја задржи стратешката позиција. Наполеон успеал да го избрка IV корпус од Пратцен. Ова значело дефинитивен крај за сојузничката војска.

„Еден брз удар и војната ќе заврши“ алт=Map with blue lines showing the French advance against the Allied center, symbolized with red lines.|десно|мини|300x300пкс| Одлучувачките напади врз сојузничкиот центар ја поделиле сојузничката војска на два дела и ги оставиле Французите во одлична тактичка позиција за да победат во битката. Околу 8:45 часот, задоволен од слабоста на непријателскиот центар, Наполеон го прашал Соулт колку време ќе им треба за да стигнат до Пратцен. На тоа маршалот одговорил: „Помалку од дваесет минути, господине“. Околу 15 минути подоцна, Наполеон наредил напад, додавајќи: „Еден брз удар и војната ќе заврши“.