Естела Кампавија (1918–1990) била британска вајарка и керамичарка. Таа е позната по глазирана кeрамика, изложена во музејот Викторија и Алберт.
Ран живот Родена во Истанбул, Кампавија била од шкотско и шпанско потекло. Таа била воспитана во Турција и патувала како ќерка на дипломат. Самоук, Кампавија најпрво се прославила како керамичарка, започнувајќи ја својата кариера во 1955 година, пред да се развие како вајар во 1970-тите.
Уметнички дела Нејзините апстрактни скулптури имаат форма на мазни фигури кои течат, навидум во движење. Нејзините скулптури биле изложени во Италија, Франција и Обединетото Кралство. Некои од нејзините дела: Глава (околу 1980 година), лежечка фигура (околу 1980) и Ла Џои де Вивр (1988) биле претставени на продажба во Каталогот за модерна и современа скулптура на Волсили за ликовни уметности. Во 2013 година, некои од нејзините досега невидени дела биле изложени на фестивалот Глиндебурн заедно со делата на Шон Хенри и Мајкл Крег-Мартин. Рој Опенхајм ја опишал како „еден од највозбудливите вајари на нашето време“. Сликата на Кампавија, направена од Ајда Кар се чува во колекцијата на Националната галерија на портрети (Лондон).
Поврзано
Наводи
Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Жени Категорија:Жени-уметници