Владимир Пингов (познат и како Владе Пингов и Ладе Пингов) — македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии, извршител на познатите Солунски атентати во 1903 година.

Животопис

Роден е во Велес. Се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која ќе влијае смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти.

Пред изршувањето на солунските атентати изнајмува дуќан-берберница во Солун, кој бил само камуфлажа на акцијата за прокопување на подземен тунел што водел до Отоманската банка.

Заедно со Марко Бошнаков на 29 април 1903 година, ќе се обидат да ги кренат во воздух Топането и хотелот „Вардар“.

Меѓутоа ненадејно ги пресретнуваат турски војници. Во престрелката Бошњаков е заробен, а тој загинува Кратки биографии на атентаторите.

Извори

Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985

Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори Категорија:Македонски анархисти Категорија:Македонски револуционери Категорија:Анархисти Категорија:Починати во Солун