Каролин Педл Бол (11 ноември 1869 – 1 октомври 1938 година) била американска вајарка. Има изложувано на изложбата во Чикаго во 1893 година и на изложбата во Париз во 1900 година.
Биографија Каролин Педл е родена во Тере Хауте, Индијана на 11 ноември 1869 година. Студирала уметност на Политехничкиот институт Роуз и Академијата за ликовни уметности во Пенсилванија. Го продолжила своето образование во Уметничката студентска лига на Њујорк, под водство на Август Сен-Годенс и Кенион Кокс. Била член на Еснафот на уметности и занаети и на Лигата на студенти по уметност.
Педл Бол работела за компанијата Тифани Глас која што го изложила нејзиниот дизајн на изложбата во Чикаго во 1893 година.
Во доцните 1890-ти Педл Бол патувала во Европа. Таа била во Фиренца, Италија од септември 1895 година до март 1896 година. Почнувајќи од мај 1987 година, неколку години работела во сопствено студио во Париз.
На изложбата во Париз, 1900 година примила почесно признание, фигурата „Победа“ на зградата на Соединетите држави на изложбата. Подоцна изработила меморијална фонтана во Флешинг, Лонг Ајленд, портрет на медалјон на госпоѓица Кокс од Тере Хауте и споменик на дете во истиот град.
Педл Бол се вратила во Соединетите американски држави во 1902 година. До крајот на својот живот имала работно студио, специјализирано за мали бронзи на коишто се прикажани деца.
Починала во Конектикат на 1 октомври 1938 година.
Семејство Керолин Педл Бол била помлада сестра на Џон Б. Педл. Се омажила за Бертранд Е. Бол на 16 октомври 1902 година. Имале едно дете. Бракот завршил со развод.
Дела
Наводи
Категорија:Статии со hCards Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Родени во 1869 година Категорија:Жени-уметници