десно|мини| Конференциска седница на која присуствуваат Клемент Атли, Ернест Бевин, Јосиф Сталин, Вјачеслав Молотов, Вилијам Д. Лихи, Џозеф Е. Дејвис, Џејмс Ф. Бирнс и Хари С. Труман мини| Од лево кон десно, прв ред: генерален секретар Јосиф Сталин; Претседателот Хари Труман, советскиот амбасадор во САД Андреј Громико, државниот секретар Џејмс Ф. Бирнс и советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов . Втор ред: бригадниот генерал Хари Х. Вон, доверлив и воен помошник на Труман, рускиот преведувач Чарлс Болен, поморскиот помошник на Труман Џејмс К. Вардаман Џуниор и (делумно заматен) Чарлс Грифит Рос Description of photograph , Truman Library. десно|мини| Седнати (од лево): Клемент Атли, Хари Труман, Јосиф Сталин и назад: адмиралот на флотата Вилијам Даниел Лихи, секретарот за надворешни работи Ернест Бевин, државниот секретар Џејмс Бирнс и министерот за надворешни работи Вјачеслав Молотов мини|Сесилиенхоф, место на одржување на Потсдамската конференција, слика од 2014 година Потсдамската конференција () се одржала од 17 јули до 2 август 1945 во Потсдам, Германија, а нејзина главна цел била трите главни челници на сојузничките сили во Втората светска војна да го испланираат повоениот мир, а притоа да се избегнaт грешките од Париската мировна конференција од 1919 година. На конференцијата учествувале Советскиот Сојуз, Обединетото Кралство и САД, а биле претставени (соодветно) од генералниот секретар Јосиф Сталин, премиерите Винстон Черчил и Клемент Атли и претседателот Хари Труман. Се собрале да одлучат како да управуваат со Германија, која девет недели претходно безусловно капитулирала. На конференцијата требало да се воспостави новиот светски повоен поредок, да се надминат спорните прашања од мировниот договор и да се одредат начини за надминување на негативните ефекти од војната.

Од 17 јули до 25 јули биле одржани девет состаноци, а потоа Конференцијата била прекината на два дена, додека се чекало да се објават резултатите од британските општи избори. На изборите Етли го победил Черчил и го заменил како претставник на Велика Британија. За време на Конференцијата, Труман бил тајно бил информиран дека пробата на првата атомска бомба (Тринити) завршила успешно на 16 јули. Тој на Сталин му навестил дека САД ќе употребат нов вид оружје против Јапонците. Иако ова бил првпат официјално да им се дадат информации на Советите за атомската бомба, Сталин веќе знаел за проектот преку информациите прибрани со шпионажа.John Lewis Gaddis, "Intelligence, espionage, and Cold War origins." Diplomatic History 13.2 (1989): 191-212.

Клучните одлуки на оваа конференција се: Германија да биде поделена на четири окупациски зони (меѓу трите сили и Франција); Германската граница требало да се помести на запад кон линијата Одер-Најсе; како легитимна влада на Полска се признава групата поддржана од Советскиот Сојуз; а Виетнам требало да биде поделен кај 16-та паралела. Советите го потврдиле своето ветување од Јалта дека веднаш ќе започнат инвазија на областите под контрола на Јапонија.Robert Cecil, "Potsdam and its Legends." International Affairs 46.3 (1970): 455-465.

Биле разменети мислења и за многу други прашања. Сепак, разгледувањето на тие прашања било ставено во надлежност на Советот на министри за надворешни работи, кој бил формиран на оваа конференција. Конференцијата завршила со зближивање меѓу трите влади како последица на нивната соработка, што ја обновила довербата дека заедно со другите Обединети нации ќе овозможат праведен и траен мир. Сепак, за 18 месеци односите се влошиле и започнала Студената војна.Lynn Etheridge Davis, The Cold War Begins: Soviet-American Conflict Over East Europe (2015) pp 288–334.James L. Gormly, From Potsdam to the Cold War: Big Three Diplomacy, 1945-1947 (Scholarly Resources, 1990).

Односи меѓу лидерите Во периодот од пет месеци од Конференцијата на Јалта до Потсдамската конференција се случиле многу промени кои влијаеле на односите меѓу лидерите. Советите ја окупирале Средна и Источна Европа, а Црвената армија ги контролирала и балтичките држави, Полска, Чехословачка, Унгарија, Бугарија и Романија. Сталин формирал марионетска комунистичка влада во Полска, инсистирал на тоа дека неговата контрола врз Источна Европа е одбранбена мерка против можни идни напади и тврдел дека тоа е легитимна сфера на советско влијание.Leffler, Melvyn P., "For the South of Mankind: The United States, the Soviet Union, and the Cold War, First Edition, (New York, 2007) p. 31

Винстон Черчил, кој поголемиот дел од војната бил британски премиер, за време на конференцијата бил сменет откако Клемент Атли станал нов премиер.

Рузвелт умрел на 12 април 1945 година, а американскиот потпретседател Хари Труман го презел претседателството. Тој посведочил на Денот на победата во Европа и еден месец подоцна на Денот на победата над Јапонија. За време на војната, за да го зачува единството меѓу сојузниците, Рузвелт ги отфрлил предупредувањата за потенцијална доминација на Сталин над делови од Европа.

Труман внимателно го следел напредувањето на сојузниците во војната. По крајот на војната, приоритетот за единство меѓу сојузниците бил засенет од предизвикот на односите меѓу двете нови велесили.George Lenczowski, American Presidents and the Middle East, (1990), pp. 7–13 Меѓу нив се јавил сомнеж и недоверба.

Труман, за разлика од Рузвелт бил многу посомничав кон Советите и за намерите на Сталин. Труман советските дејствија во Источна Европа ги сметал за агресивен експанзионизам, и кој не соодветствувал со договорите кои Сталин ги потпишал во февруари на Јалта.

Сталин се спротивставил на предлогот на Черчил за повлекување на сојузниците од Иран пред времето договорено на Конференцијата во Техеран. Конференцијата во Потсдам е единствено време и место кога Труман и Сталин лично се сретнале.Harry S. Truman, Memoirs, Vol. 1: Year of Decisions (1955), p.380, cited in Lenczowski, American Presidents, p.10Nash, Gary B. "The Troublesome Polish Question." The American People: Creating a Nation and a Society. New York: Pearson Longman, 2008. Print.

На конференцијата во Јалта, на Франција ѝ била доделена окупациска зона во Германија. Франција учествувала во Берлинската декларација и требало да биде рамноправен член на Сојузничкиот контролен совет. Сепак, на инсистирање на Американците, Шарл де Гол не бил поканет во Потсдам. Де Гол се почувствувал навреден, и ова оставило длабока и трајна огорченост кај него. Британците и Американците сметале дека француските цели, за многу точки од агендата на конференцијата, веројатно се во спротивност на претходно договорените англо-американски цели.

Договори мини|300x300пкс| Демографска карта користена за разграничување на конференцијата мини|300x300пкс| Линијата Oder–Neisse (кликнете за да зголемите) На крајот од конференцијата тројцата шефови на влади се договорија за следните активности. Сите други прашања требаше да се решат со завршната мировна конференција, која требаше да биде свикана што е можно поскоро.

Германија

Сојузниците објавиле изјава за целите на нивната окупација на Германија: демилитаризација, денацификација, демократизација, децентрализација, разоружување и декартелизација. Поконкретно, за демилитаризација и разоружување на Германија, сојузниците одлучиле да ги укинат СС; СА; СД, Гестапо; и организациите, штабовите и институциите кои биле задолжени за одржување на воената традиција во Германија. За демократизација на Германија, „Големата тројка“ сметала дека треба да се уништи Нацистичката партија и организациите поврзани со неа. Така, сојузниците би ги спречиле сите нацистички активности и ќе овозможат реорганизација на политичкиот живот во Германија како една демократска држава. Сите нацистички закони, со кои се воспоставува дискриминација врз основа на раса, вера и политичко мислење да бидат поништени. Германија и Австрија требало да бидат поделени на четири окупациски зони, како што било начелно договорено на Јалта, и исто така, двата главни града (Берлин и Виена) да се поделат на четири зони. Нацистичките воени злосторници требало да бидат изведени пред суд. Поточно, на конференцијата во Потсдам, трите влади се обиделе да постигнат договор за методите на судење на воените злосторници чии злосторства според Московската декларација од октомври 1943 година не биле географски ограничени. Првиот список на обвинети ќе биде објавен пред 1 септември. Анексиите на Германија во Европа требало да се поништат. Ова било важна политичка мерка за да се ублажат геополитичките амбиции на Германија во повоеното сценарио. Источната граница на Германија требало да биде поместена кон запад до линијата Одер-Најсе, со што територијата на Германија делотворно се намалува за приближно 25% од онаа која ја поседувала во 1937 година.. Хумано протерување на германското население кое ќе остане вон новите источни граници на Германија - од Полска, Чехословачка и Унгарија, но не и од Југославија. Членовите на Нацистичката партија кои биле на јавни позиции и кои се спротивставувале на повоените цели на сојузниците требало да бидат отстранети од функцијата и да бидат заменети со оние кои, врз основа на нивните политички и морални убедувања, давале поддршка на демократскиот систем. Германскиот правосуден систем требало да се реорганизира врз основа на демократските идеали за еднаквост и правда според законот. Германскиот образовен систем требало да се контролира за да се елиминираат фашистичките доктрини и за да се развијат демократски идеи. Сојузниците го охрабрувале постоењето на демократски партии во Германија со право на здружување и на јавна дискусија. Треба да се почитуваат слободите на говорот, печатот, религијата и верските институции. Треба да се дозволи и формирање на слободни синдикати. Биле договорени воените репарации на Советскиот Сојуз од неговата окупациска зона во Германија. Покрај репарациите, Советскиот Сојуз ќе добие репарации и од западните зони на окупација, но морал да се откаже од претензиите кон германските индустрии во западните зони. Поточно, 15% од употребливата индустриска капитална опрема, составена од металуршка, хемиска и машинска индустрија, требало да биде отстранета од западните зони во замена за храна, јаглен, поташа, цинк, дрво, глина и нафтени производи од источните зони. Советскиот Сојуз ја презел одговорноста да ги пренесе производите од источната зона во рок од пет години. Покрај тоа, 10% од индустрискиот капацитет на западните зони кои не биле потребни за германската економија требало да се пренесат во Советскиот Сојуз во рок од две години, без никаква обврска за понатамошно плаќање за возврат. Советскиот Сојуз ветил дека ќе ги подмири барањата за репарација на Полска од сопствениот дел од репарациите. Сталин успешно предложил Полска да биде исклучена од поделбата на германските репарации и подоцна да ѝ се доделат 15% од компензацијата дадена на Советскиот Сојуз.  Советскиот Сојуз не поднел барања за златото одзамено од сојузничките трупи во Германија. Конференцијата заклучила дека е неопходно да се постават ограничувања во однос на распоредот и идната употреба на поразената германска морнарица и на трговските бродови. Американската, британската и советската влада одлучиле да назначат експерти за соработка. Воените репарации за Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и другите земји ќе се извлечат од нивните сопствени зони на окупација, а износите ќе се утврдат во рок од шест месеци. Соединетите Држави и Обединетото Кралство ќе се откажат од сите побарувања за германските индустрии сместени во источната зона на окупација, како и за германските странски вложувања во Бугарија, Финска, Унгарија, Романија и источна Австрија. Отстранувањето на индустриската опрема од западните зони за да се задоволат репарациите требало да заврши во рок од две години од утврдувањето на репарациите. Сојузничкиот контролен совет требало да ја одреди опремата по политиките поставени од Сојузничката комисија и со учество на Франција. Германскиот животен стандард не смеел да го надмине европскиот просек.