Магаза на Голеви — магаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.

Архитектура ляво|мини|Магазата (лево) Градбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 102, во непосредна близина на плоштадот „Свети Климент Охридски“. На југозапад е слепена со Магазата на Симончеви на бр. 104 и 106. Му припаѓа на поновиот тип на камени трговски објекти од европски тип, таканаречените магази кои се појавиле во XIX век како замена за дрвените еднокатни дуќани. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори.

Се состои од подрум како склад и приземје со дуќан. Изведена е од обработени камени блокови поставени во хоризонтални редови. Завршува со профилирана стреа од бигорни блокови, над која има покрив на две води со турски ќерамиди. Има вертикални олуци од поцинкувана ламарина. Приземието е подигнато над теренот со две скалила. Излогот и вратата го опфаќаат поголемиот дел од дасадата. Металните капаци на прозорците се отстранети. Првобитна функција на објектот била кројачки салон.

Поврзано Културно наследство на Македонија

Наводи

Голеви