Џафер Кодра (2 април 1923, во ― 2 мај 1995, во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Тој бил од албанска народност.

Животопис Роден е на 2 април 1923 година во Дебар. Во НОВ влегува во 1941 година. Во првата половина на 1943 година станува член на СКМ, а во септември истата година станува секретар на Окружниот комитет на СКМ за Дебар. Од 26 август 1944 до март 1945 година бил политички комесар на Четвртата македонска албанска бригада, а потоа и нејзин заменик политички комесар. Тој е и посебен заменик политички комесар на Дебарскиот младински баталјон. По Втората светска војна минува низ различни политички и државни активности. На 6 јануари 1951 година бил именуван за министер во Социјалистичка Република Македонија. По кавгата на Тито и Сталин, тој бил сменет од функцијата и репресиран.

Наводи

Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Луѓе од Дебар Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Албанци