Лозје — осамен наод од римското време во атарот на селото Подлес, Македонија. Во лозјето на Т. Попов во 1952 година случајно е откриена мермерна надгробна стела со релјефно претставени четири облечени женски фигури и со грчки натпис. Се чува во Народниот музеј од Велес.
Поврзано Прдловец — населба од римско време; Ридот — некропола од римско време; Селиште — населба од римско време; Подлес; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Подлес