„Куќа крај пругата“ (српски: Кућа поред пруге) – југословенски филм од 1988 година, во режија на Жарко Драгојевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љубиша Самарџиќ, Душица Жегарац, Дубравка Јовановиќ, Слободан Бештиќ.РТС, Кућа поред пруге (пристапено на 17.3.2022)
Синопсис Едно српско семејство (дедото, таткото, мајката, синот и ќерката) се иселуваат од Косово во Србија, откако неколку албански сепаратисти ја силуваат ќерката. Семејството гради нова куќа на периферијата од градот каде што се доселува, но ниту таму не може да најде мир. Членовите на семејството сè уште се оптоварени од траумите од родниот крај, а на тоа се надоврзува непријателскиот однос на луѓето во новата средина...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1988 година Категорија:Филмови на Жарко Драгојевиќ Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Дубравка Јовановиќ Категорија:Филмови со Душица Жегарац Категорија:Филмови со Слободан Бештиќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија