ЈК е историска бразилска мини серија, која е снимана во текот на 2006 година. Серијата го следи животот за еден од најпознатите бразилски политичар Јусцелин Кубитшчек. Дејството е сместено во 50те и 60те.

Синопсис ЈК е мини серија за двете фази од животот за Јусцелин Кубитшчек, од неговото детство па сè до смртта. Серијата се раскажува за случки кои го означиле неговиот живот, смртта на неговиот татко Јоао Цезар Оливеира, кој умрел додека Јусцелин бил делте. Потоа, приказната се преселува во времето кога тој бил момче, и ни го покажува неговото заинтересување за медицината, исто така и неговата љубовна состојба, бракот со младата аристократка. Освен тоа, Јусцелин се заплеткува и во политичкиот живот на Бело Хоризонте. Потоа доаѓаме до периодот кога Сара, сопругата на Јусцелин, не се сложува со тоа нејзиниот сопруг да се занимава со политика, како што се занимавал и нејзиниот татко. Оваа тензија доведува до конфликт кој полека се губи во првата фаза на серијата. Во другата фаза на серијата, фамилијата Кубитшчек веќе се навикнала на друштвениот живот на Јусцелин, и приказната се фокусира на неговото политичко определување, и реформите кои ги спроведил во текот на своето владеење како претседател на Бразил од 1956 – 1961 година.

Улоги Глумци ЛиковиХосе Вилкер Јусцелин КубитшчекЛетиција Сабатела МарисаАлесандра Негрини ЏедаМарилија Габриела Елен дос Сантос

Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру

Категорија:Бразилски телевизиски серии Категорија:Теленовели