Зграда на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ — библиотечна зграда во Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија.

Опис Зградата е изградена во 1973 година како нов дом на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Се наоѓа во населбата Дебар Маало на булеварот „Партизански Одреди“ бр. 22. Дело е на архитектот Прохирија Хаџикостова-Пешиќ. Проектирана е наменски како библиотека и претставува е една најфункционалните во Македонија. Се состои од подрум, приземје и два ката. Зафаќа површина од околу 4.500 м2 и има два депоа и книговезница во подрумот, сала за промоции и изложби на приземјето и голем број современи оддели и читални на катовите.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Центар

Наводи

Градска библиотека Браќа Миладиновци Категорија:Појавено во 1973 година во Македонија