Љуљаjљако (шпански:Llullaillaco: [ʎuʎajˈʎako]) е активен стратовулкан на границата меѓу Аргентина (провинција Салта) и Чиле (Регион Антофагаста). Вулканот се наоѓа во Пуна де Атакама, висорамнина со високи вулкански врвови блиску до пустината Атакама, едно од најсушните места во светот.
Вулканот има апсолутна висина од 6739 м, и релативна висина од речиси 2,5 км. На врвот има постојан снег. Последната експлозивна ерупција се случила во 1877 година. Љуљаjљако е највисокиот активен вулкан на планетата,Кравчук П. А. Географический калейдоскоп. — Киев: Радянська школа, 1988. ISBN 5-330-00384-9Пётр Кравчук. Рекорды природы. — Любешов: Эрудит, 1993. — 216 с. ISBN 5-7707-2044-1 втор највисок вулкан во светот по Ојос дел Саладо и седми по височина врв на западната полутопка. Снежната линија (ланец) на западната падина надминува 6500 м (снежна линија на највисока надморска висина Земјата).
Љуљаjљако се формирал во текот на две различни фази во плеистоценот - холоценот од тековите на дацитната лава. Најстарите карпи датираат од пред околу 1,5 милиони години. Пред околу 150.000 години, југоисточниот дел од вулканот се срушило, по што се создала лавина од земја која се протега до 25 км од вулканот. Најмладите карпи потекнуваат од ерупција од пред 5.600 ± 250 години во регионот на врвот, но има извештаи за активност од 19 век.
Првото регистрирано искачување на планината било во 1950 година, но на планината и во нејзиното подножје пронајдени се траги од претходни искачувања и има голем број археолошки наоѓалишта; На Љуљаjљако се наоѓа највисокиот археолошки локалитет во светот. Во 1999 година, на врвот биле пронајдени мумифицирани остатоци од три деца, познати како Децата од Љуљаjљако, (момче и девојче од 5-7 години и девојче од 13-15 години), за кои се претпоставува дека биле пред жртвувани 500 години.
Фауна Во близина на врвот, на надморска височина од преку 6700 м, пронајден е глодач, лиснат хрчак од видот Phyllotis xanthopygus rupestris, и тие се цицачи кои живеат на највисока надморска височина во светот откриени досега. Бидејќи границата на растителниот свет е на многу пониска надморска височина, останува нејасно со што се храни животното. Содржината на кислород на оваа надморска височина е само 45% од нормалното, а температурата паѓа до -60 °C.
Исто така, на падините на вулканот има андски гербил ( Eligmodontia puerulus ) и лимски глушец со лиснати уши ( Phyllotis limatus)
Поврзано Национален парк Љуљаjљако Список на вулкани во Чиле Список на вулкани во Аргентина Список на вулкани по височина Охос дел Саладо
Наводи
Категорија:Вулкани во Чиле Категорија:Вулкани во Аргентина Категорија:Врвови на Андите Категорија:Холоценски вулкани Категорија:Плеистоценски вулкани Категорија:Аргентинско-чилеанска граница Категорија:Атакама Категорија:Пуна де Атакама Категорија:Вулкански појас на Андите Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со извори на руски (ru) Категорија:Меѓународни планини во Јужна Америка