Спомен-галерија „Вангел Коџоман“ — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија. Во неа е сместен ликовен музеј.
Местоположба Куќата е сместена во Струшката чаршија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа улица „Браќа Миладиновци“ бр 18. Спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.
Историја Градбата датира од XIX век. Во 1980 г. е претворена во галерија, дел од Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“, како изложбен простор за делата на истакнатиот струшки уметник Вангел Коџоман (1904 - 1994).
Објектот е прогласен за споменик на културата на 7 декември 1954 г. и повторно на 19 јули 2016 г.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Струга
Наводи
Надворешни врски
Вангел Коџоман Вангел Коџоман Категорија:Македонска староградска архитектура Вангел Коџоман Категорија:Култура на Струга