Турбе на анамата Хуршиде () — османлиска гробница (турбе) во градот Тетово, прогласена за културно наследство на Македонија. Сместено е во дворот на Шарената џамија, северозападно од храмот. Во него се погребани Хуршиде и Менсуре, кои на натпис се споменуваат како ктиторки на џамијата.
Архитектура Нема писмени податоци за датумот на изградба, но според неговите особености се смета дека датира од XVI век. Изградено е од камен и му припаѓа на типот на отворени турбиња, а основата му е неправилен осумаголник. Според архитектурата се забележува дека некогаш било засводено со купола. Турбето има складни пропорции и придонесува кон убавината на џамијата.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Тетово
Наводи
Надворешни врски
Хуршиде Категорија:Исламска архитектура во Македонија Категорија:Знаменитости во Тетово Категорија:Појавено во 16 век