Рејчел Рене Расел (родена на 13 март 1959 година) е американска авторка на серијата книги за деца Дневниците на Дорк и нејзиниот спин-оф Несреќите на Макс Крамбли.
Расел пораснала во Сент Џозеф, Мичиген и има четири помали браќа и сестри, две сестри и браќа близнаци.
Дневниците на Дорк, се напишани во формат на дневник со цртежи и стрипови за да го прикажат секојдневниот живот на главниот лик, Ники Максвел, додека таа се обидува да се вклопи во своето средно училиште. Серијата е базирана на средношколските искуства на Расел. Нејзината ќерка Ники е илустратор на серијата. Главниот лик Ники Максвел го носи името на нејзината ќерка.
Несреќите на Макс Крамбли е за лик, Максвел Крамбли, кој води дневник за неговите предизвици во средно училиште. Тој билдел од претходниот серијал.
Заклучно со август 2020 година,се испечатени 55 милиони копии од Дневниците на Дорк ширум светот на 42 јазици.
Нејзината нова книга, „Приказни од една не толку модерна париска авантура “, требало да биде објавена на 13 октомври 2020 година, но била одложена поради пандемијата на коронавирус. Оттогаш била одложувана повеќе пати и моментално нема одреден датум на објавување.мини| Расел на Буккон во 2019 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Американски писателки