Марија Оксентијвна Примаченко (; – 18 август 1997) — украинска сликарка за народна уметност, чии дела влегуваат во наивна уметност. Примаченко била самоука, работела со слики, цртежи, везови и керамика.

Во 1966 година, Примаченко ја добила Националната награда на Украина „Тарас Шевченко“. Организацијата УНЕСКО ја прогласила 2009 година како година на Примаченко. Улица во Киев и мала планета се именувани по нејзе. Пабло Пикасо откако ја посетил изложбата на Примаченко во Париз, еднаш рекол: „се поклонувам пред уметничкото чудо на оваа брилијантна Украинка“.

Личен живот

Примаченко е родена во селско семејство и поголемиот дел од нејзиниот живот го поминала во селото Болотнија во Иванковскиот реон, Киевска Област, сместено само 30 километри од Чернобил.Pryimachenko Maria, Sixteen Paintings in the National Museum of Ukrainian Folk Art, Shown On A Set of Sixteen Color Postcards Published By Aurora Art Publishers, Leningrad, 1979, "Art Ukraine" site Посетувала настава четири години, пред да се разболи од полио, поради што добила физички последици кои ги чувствувала понатаму во нејзиниот живот и уметност. Своите први уметнички обиди ги опишала во подоцнежниот живот: „Еднаш, како млада девојка, чував гуски. Кога ќе отидев со нив на песочна плажа, на брегот на реката, откако ќе поминев поле ишарано со диви цвеќиња, јас започнував да цртам вистински и имагинарни цвеќиња со стап на песокот... Подоцна, јас одлучив да сликам на ѕидовите на мојата куќа користејќи природни пигменти. После тоа јас никогаш не прекинав да цртам и да сликам“.

Во текот на детството, мајката на Примаченко ја научила да везе и до крајот на 1920-тите или 1930-тите години таа била членка на задругата за везење Иванков. Нејзиниот талент бил откриен од сликарката Тетјана Флору, која ја поканила Примаченко да работи на Централната експериментална изложба во Киевскиот музеј за украинска уметност во 1935 година.

Во Киев, Примаченко имала две операции, што ѝ дозволиле да стои сама. Таму го сретнала и нејзиниот партнер, Васил Маринчук. Во март 1941 година, нивниот син Федир Примаченко е роден во Киев. Таа и Маринчук немале време да се венчаат пред тој да отиде во војна; од војната не се вратил, умирајќи во Финска. Братот на Примаченко бил убиен од нацистите. Таа се вратила во Иванков и работела во задруга. Федир исто така станал народен уметник и мајстор за наивна уметност; починал во 2008 година. Внуците на Примаченко, Петро и Иван, исто така станале уметници.

Кариера

десно|300п|мини|Украинска поштенска марка од 1977 г. десно|300п|мини|Украинска поштенска марка од 1971 г.

Првата републиканска изложба на народна уметност во 1936 година вклучила слики на Примаченко. Оваа изложба била прикажана во Москва, Ленинград и Варшава. Примаченко добила диплома од прв степен за учество во оваа изложба на народна уметност. Во 1937 година, нејзините дела биле изложени во Париз.

Делата на Примаченко биле поттикнати од украинската и особено од полесијските народни традиции. Тие се повикувале на природниот свет и на бајките.Kolisnyk, O. V., and M. O. Kovalenko. "Naive art: features of creative perception." Art and Design (2021). Во текот на 1930-тите години се префрлила од вез на сликање и нејзините дела од овој период се насликани на бела позадина. Нејзината смела и експресивна линија се развивала и таа ги комбинирала традиционалните украински мотиви на нови начини.

Во текот на периодот 1960-1980, нејзиниот стил продолжил да се развива, каде што сликите имале значителна поживописна палета на бои и нов избор на светла позадина. Во ова време се префрлила од работење со водени бои на гваш. Во 1970-тите години, Примаченко исто така започнала да вклучува кратки фрази или изрази на нејзините слики.

Награди

Во 1966 година, Примаченко ја добила Националната награда на Украина „Тарас Шевченко“. Организацијата УНЕСКО ја прогласила 2009 година како година на Примаченко.Maria Prymachenko at Ukrainian Art Library. [Accessed 2 March 2021]. Истата година, булеварот „Лихачев“ во Киев бил преименуван во нејзина чест.

Пабло Пикасо еднаш рекол откако ја посетил изложбата на Примаченко во Париз: „јас се поклонувам пред уметничкото чудо на оваа брилијантна Украинка“.

Наследство

мини|300п|десно|Булеварот „Марија Примаченко“ во Киев

Делата на Примаченко биле изложени низ целиот поранешен Советски Сојуз, Украина и други држави, како Полска, Бугарија, Франција и Канада.100th anniversary of the birth of Maria Primachenko, painter (1908–1997), Unesco Portal, year 2008 Нејзини албуми биле објавени низ целиот свет. Нејзината слика „Стаорец на патување“ била копирана од познатата финска дизајнерка Маја Исола за дизајнот на ткаенина „Луѓе во Шумите“, кој бил користен од авиопревозникот Финер. Нејзината работа била објавена на поштенски марки и монети во Украина.

Во 1998 година, малата планета (142624) Примаченко била именувана од Клим Чурјумов во нејзина чест.

Над 650 од делата на Примаченко се чуваат во збирката на Државниот музеј на украинската народна уметност.

Уништени дела

Ивановскиот историско-роднокраен музеј, каде биле чувани неколку дела на Примаченко, бил запален при руската инвазија на Украина во 2022 година и се претпоставува дека се загубиле 25 нејзини дела. Меѓутоа, според објава на социјалните мрежи на новинарката Тања Гончарова, мештаните успеале да спасат некои од делата на Примаченко од пожарот. Според интервјуто на правнуката на Примаченко, Анастасија Примаченко, дадени за The Times десетици од нејзините дела биле спасени од мештанин кој влегол во музејот додека истиот горел.

Влада Литовченко, директор на Вишгородскиот историски и културен резерват, забележал дека музејот не бил дом само на дела на Примаченко, туку и на други украински уметници, како што е Хана Верес; таа изјавила: „Уште една ненадоместлива загуба на историско-културната власт на Украина е уништувањето на Иванковскиот историско-роднокраен музеј од агресорот во овие пеколни денови за нашата држава“.

Поврзано Јуриј Хумич (1928–2003)

Наводи

Надворешни врски

Дел од нејзините дела Сет на поштенски карти од Марија Примаченко

Категорија:Родени во 1909 година Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Украински сликари Категорија:Сликари на наивна уметност Категорија:Добитници на Националната награда „Шевченко“