Лазурит - тектосиликатен минерал со сулфат, сулфур и хлорид со формула . Тој е фелдпатоид и член на групата содалит. Лазуритот кристализира во изометрискиот систем иако добро формираните кристали се ретки. Обично е масивен и го формира најголемиот дел од скапоцените камења лапис лазули.
Лазуритот е темносин до зеленикаво-син. Бојата се должи на присуството на анјони. Цврстината по Мосовата скала му е од 5,0 до 5,5 и има специфична тежина од 2,4. Тој е проѕирен со показател на прекршување од 1,50. Тој е топлив на 3,5 на скалата на топливост на Волфганг Франц фон Кобел и растворлив во HCl. Најчесто содржи или е поврзан со зрна пирит.
Лазуритот е производ на контактниот метаморфизам на варовникот и е типично поврзан со калцит, пирит, диопсид, хумит, форстерит, хајин и мусковит.
Други сини минерали, како што се карбонатниот азурит и фосфатниот лазулит, може да се помешаат со лазуритот, но лесно се разликуваат со внимателен преглед. Едно време, лазуритот бил синоним за азурит.
Лазуритот првпат бил опишан во 1890 година кога се појавил во округот Сар-е-Санг, долина Кокша, провинција Бадакшан, Авганистан.Mindat with location data Тој се вадел како руда повеќе од 6.000 години во областа Лапис Лазули во Бадакшан. Се користи како пигмент во сликарството и бојадисувањето на ткаенини најмалку од 6 или 7 век. Се ископува и на Бајкалското Езеро во Сибир, планината Везув, Бурма, Канада и Соединетите Американски Држави. Името му доаѓа од персискиот збор за сино.
Структура Се чини дека лазуритот и хајинот имаат иста структура и двата се минерали со доминантни сулфати. Лазуритот е пигмент (опалесцентен) и има светло сина лента (особено како компонента на полускапоцениот камен лапис лазули). Многу хајини имаат бела или бледосина лента и се проѕирни. Разликата може да биде последица на состојбата на редокс (сооднос сулфат-сулфид).
Поврзано Лапис лазули Ултрамарин
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Коцкести минерали Категорија:Пигменти Категорија:Минерали на алуминиумот Категорија:Минерали на калциумот Категорија:Минерали на натриумот Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Персиски зборови