мини|250п|Куќата на Робевци во Охрид. Тодор Петков Огњанов (1814 - 1899) — македонски градител и копаничар, претставник на Дебарската школа.

Биографија Роден е во 1814 г. во реканското село Гари, во семејството на копаничарот Петко Огњанов. За занимавал со градежништво и копаничарство, но повеќе се истакнал во архитектонските дела. Под негово раководство се изградени многу куќи и кули за охридски бегови и македонски чорбаџии.

Меѓу неговите најзначајни дела се вбројува Куќата на Робевци (браќата Анастас и Ангеле) во Охрид. Тодор Петков ги изработил резбите во Анастасовиот дел на куќата, но за деловите да е разликуваат, резбите на таваните, долапите и други места во Ангеловиот дел се дело на друг копаничар. Двајцата мајстори не биле во контакт сè со свршувањето на работата.

Во 1886 – 1887 г. Тодор Петков ги изработил иконостасите, амвоните и владичките престоли на црквите „Св. Архангел Михаил“ во Лавчани, „Св. Варвара“ во Лин и црквата во Крчица, веројатно Царишта (обете денес во Албанија). Во текот на следните две години ја изградил црквата „Св. Петка“ во Горна Белица. Поради болест престанал со работа и му го доверил довршувањето на иконостасот на синот Јаким Тодоров.

Родословие

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски копаничари Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Гари Категорија:Родени во 1814 година Категорија:Починати во 1899 година