Квитфјел (норвешки: Kvitfjell; превод: Бела планина) е скијачки центар во Норвешка, кој се наоѓа во општината Рингебу.

Скијачкиот центар бил изграден за потребите на Зимските олимписки игри 1994 во Лилехамер, и е едно од најмодерните одморалишта во светот, со можност 80% од алпските скијачки патеки да бидат покриени со вештачки снег. Одморалиштето има 23 патеки: 5 зелени (за учење), 9 сини (за почетници), 6 црвени (за средни скијачи) и 3 црни (за напредни скијачи) На Квитфјел има и теренски парк и 120 километарска патека за скијачко трчање.

Трки во алпско скијање

Зимски олимписки игри 1994 година Квитфјел е веројатно најпознат по тоа таму се одржале трките во алпско скијање (брзинските дисциплини) на Зимските олимписки игри во 1994 година.

Техничките алпски трки (велеслалом и слалом) се одржале на Хафјел.

Светски куп Квитфјел е редовен домаќин на трките од Светскиот куп, а првата трка се извозала во март 1993 година. Спуст патеката започнува веднаш под врвот и е за малку подолга од 3 км. Скијачкиот центар бил дизајниран од Бернхард Руси за Олимпијадата во 1994 година, а предизвикувачката патека Олимпијабакен е многу ценета од скијачите; по Олимпијадата, овде секоја година (до 2020) се одржувале трките од Светскиот куп за мажи.

Наводи

Надворешни врски

(на англиски и норвешки) Мапа на патеките - Квитфјел Категорија:Скијачки центри во Норвешка Категорија:Врски за Archive.is од предлошката „Семарх“ Категорија:Координати на Википодатоците