Витмаршен () — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Витмаршен се наоѓа во триаголникот на градовите Нордхорн, Линген и Мепен. Највисока точка на општината е Рупингберг во Лоне со 50 метри.

Соседни места

Општината Витмаршен се граничи на север со следниве места во округот Емсланд: Твист, Гесте, Линген, Емсбирен. Во Грофовијата Бентхајм се граничи со следниве места: Енгден, Нордхорн, Остервалд и Георгсдорф.

Општински единици

Општината е составена од следниве единици:

Лоне (7.291 жител) Витмаршен (3.929 жители) Фихтенфелд (647 жители) Нордлоне (304 жители) Швартенпол (186 жители) Лонербрух (162 жители)

Најново место е Фихтенфелд, каде за време на Нацистичка Германија постоел камп Емсланд, во кој подоцна се населиле германските бегалци од Истокот. Најголемо место е Лоне, каде од 2008 година се наоѓа и новото општинско собрание. Во местото Витмаршен се наоѓа подрачно одделение на општинската управа.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Грофовија Бентхајм (округ)