мини|„Бегалец“ (филм) Лого „Бегалец“ (дански: Flugt) — анимиран документарен филм на режисерот Јонас Поер Расмусен од 2021 година. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории: најодбар странски филм, најдобар анимиран филм и најдобар документарен филм.РТС, Бегунац (пристапено на 27.3.2022)

Синопсис Во филмот се прикажува судбината на Амин кој како малолетник, без никаква придружба, избегал од Авганистан во Данска. Триесет и шест години подоцна, тој е веќе успешен човек и стапува во брак со својот долгогодишен партнер. Меѓутоа, тајната која ја криел цели 20 години се заканува да му го уништи животот. За првпат, тој одлучува својата лична приказна да ѝ ја раскаже на блиска личност...

Наводи

Категорија:Филмови на Јонас Поер Расмусен Категорија:Цртани филмови Категорија:Документарни филмови Категорија:Дански филмови Категорија:Филмови од 2021 година Категорија:Филмови на дански јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Данска